ДОКТОРИ ОД УКРАИНА ВО ПОСЕТА НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
Објавено на

 

Над 30 доктори и медицински лица преку Здружението за француско-украинска синергија во областа на здравството (АСФУДС) денеска беа во посета на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Станува збор за гинеколози, ортопеди, кардиолози и медицински лица кои работат во ургентни центри во Украина кои ги посетија амбулантските одделенија на одделите по ортопедија, гинекологија и кардиологија, одделот за радиологија, интензивниот оддел и операционите сали во болницата и кои посетата ја реализираат на сопствена иницијатива. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја одбрале како лидер во регионот во однос на капацитети, стандарди, опрема и услуги кои ги нуди. „Аџибадем Систина“ е првата болница во Македонија акредитирана според Joint Commission Internatinal - најпрестижната организација за акредитација на болници во целиот свет. Од Здружението потенцираат дека ја одбрале „Аџибадем Систина“ бидејќи е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор во Западен Балкан и користи најсовремени методи и техники на лекување.

„Импресионирани сме од капацитетите, можностите, начинот на работа и технологијата што ја поседува болницата, медицински услуги и примената на најсовремените протоколи при лекувањето на пациентите. Сме посетиле многу болници, но со право можеме да нагласиме дека „Аџибадем Систина“ е една од најсовремените приватни болници во регионот и како што можевме да се увериме нуди комплетна медицинска услуга на едно место. Болницата треба да биде пример не само на Балканот, туку и пошироко како треба да изгледа и да функционира една здравствена установа“, вели д-р Јелена Суромашева од Украина.

Заменик медицинскиот директор во „Аџибадем Систина“, д-р Бобан Сарџовски вели дека за менаџментот на болницата и за докторите е огромна чест да ги отворат вратите за своите колеги од Украина и да ги запознаат со капацитетите, услугите и можностите кои ги нуди „Аџибадем Систина“.

„Особено ни е задоволство што сме домаќини на тим доктори кои доаѓаат од Украина. Дојдоа  да се запознаат во детали за нашата болница, за тоа како работиме и со каква опрема располагаме. За нас ова е  потврда дека „Аџибадем Систина“ е докажан здравствен центар во регионот. Сметаме дека имаме што да им покажеме, создадовме здравствен систем  кој може да послужи како пример за многу болници во регионот, вели  д-р Бобан Сарџовски, заменик-медицински директор на „Аџибадем Систина“

 

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствената болница која лекарите од Здружението за француско-украинска синергија во областа на здравството одбраа да ја посетат во земјава и во регионот.




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани