(ВНИМАНИЕ СЦЕНИ НА НАСИЛСТВО)Застрелување на терористот на мостот во Лондон
Објавено на

Британската полиција денеска соопшти од претпазливост го третирала инцидентот на Лондонскиот мост како случај поврзан со тероризам и потврди дека нејзини припадници застрелале еден маж.

„Скај њуз“, повикувајќи се на неименувани извори, јавува дека во инцидентот загинала најмалку една личносто која не е напаѓач, пренесе агенцијата „Танјуг“.

„Во овој момент, околностите околу инцидентот на Лондонскиот мост остануваат нејасни. Сепак, од претпазливост, ние во моментов реагираме како да станува збор за инцидент поврзан со тероризам“, соопшти полицијата на „Твитер“.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека редовно добива информации за инцидентот и се заблагодари на полицијата и службите за итни случаи за нивниот брз одговор, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Извор од полицијата соопшти дека маж нападнал луѓе со нож во близина на мостот, по што бил застрелан од припадници на безбедносните сили. Се верува дека напаќачот повредеил најмалку петорица.

Видеото е проширено преку социјалните мрежи каде се гледа како е застрелан напаѓачот




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани