Во 1960-тите, ЦИА потроши 20 милиони долари во обид мачките да ги изздресира во шпиони. Проект се нарече Акустична Мачка и е историски факт.
  Објавено на
share

 Во 1960-тите, ЦИА потроши 20 милиони долари во обид мачка да ја издресира во шпион.

Проект се нарече Акустична Мачка и е историски факт.


Вистинска мачка. хируршки модифицирана. Со микрофон во ушниот канал, радио предавател во основата на черепот и жична антена проткаена низ крзното сè до опашката. Проектот се викаше Операција Акустична Мачка.

Идејата: мачките слободно шетаат во близина на амбасади и паркови без да покренат сомнеж. Мачка што седи во близина на двајца советски дипломати на клупа е само мачка. Мачка со предавател во черепот е разузнавачка предност.

Техничките предизвици беа огромни. Ова беше 1960-тите. Немаше микрочипови. ЦИА мораше да минијатуризира микрофон, предавател, батерија и антена доволно мали за да се вклопат во живо животно кое сепак мораше да изгледа како нормална мачка. Поголемиот дел од проблемот го решија. Потоа открија дека мачката постојано талка секогаш кога ќе огладнеше. Па затоа извршија втора операција за да и ја потиснат гладта.

ЦИА хируршки го пренамени мозокот на мачката затоа што сакаше грицки.

После пет години и 20 милиони долари со дополнителна операција за сузбивање на гладот, мачката конечно беше спремна.

1966. Вашингтон во парк во близина на советската амбасада на авенијата Висконсин. Двајца мажи на клупа. агенти на ЦИА во необележано комбе исполнето со опрема за надзор ја отворија вратата и го ослободија својот оперативец.

Mачката премина три метри и беше удрена од такси.

Интерната белешка на ЦИА го опиша проектот како „извонредно научно достигнување“ и го пофали тимот за докажување дека мачките можат да бидат дресирани да се движат на кратки растојанија.

Bелешката што ја прогласи програмата од 20 милиони долари за мртва ја нарече извонредно достигнување.

Потоа заклучи: со оглед на „факторите на животната средина и безбедноста“, мачките „не би биле практични“ за разузнавачка работа.

ЦИА потроши пет години и 20 милиони долари за да открие дека мачките не ги следат наредбите....

А секој што некогаш имал мачка можеше да им каже. :)
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани