КОЈ ВИКА ДЕКА ВО ЕУ НЕ СЕ ПРАВАТ ИЗМАМИ СО ХРАНА?
  Објавено на
share

 КОЈ ВИКА ДЕКА ВО ЕУ НЕ СЕ ПРАВАТ ИЗМАМИ СО ХРАНА?

 

Бугарија уште еднаш докажа дека и во Европската Унија, со сите нејзини строги регулации и контроли, луѓето успешно продаваат фалсификувана храна и притоа заработуваат солидни пари.
 
Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) изрече казни во вредност од над 300.000 евра за две компании – „Class Food“ и „Alfa SD“ – кои продавале производ под името „Deutsche Markenbutter“. На пакувањето пишувало дека станува збор за квалитетно германско кравјо масло, а всушност во него имало само околу 5% млечна маст. Остатокот? Палмово, кокосово, соино и сончогледово масло, плус свинска маст!!!
Купувачите мислеле дека купуваат премиум германски путер, а добивале мешавина што едвај може да се нарече храна.
 
Скандалот излезе на виделина откако конкурентска компанија поднела пријава. Инспекторите заплениле големи количини од фалшивото масло, но кога тргнале да го следат трагата, удриле на ѕид. „Alfa SD“ изјавила дека го купувала производот од фирмата „Галко“. Меѓутоа, „Галко“ категорично негира дека има било каква врска со фалсификатот. Во нивните објекти не е пронајдено ништо спорно, а КЗК на крајот не ги казнила. Вистинскиот производител или препакувач кој ја направил измамата сè уште не е пронајден. Случајот е предаден на обвинителството, но засега никој не е уапсен.
 
Ова не е првпат.
 
Во ЕУ редовно се појавуваат слични случаи – од „мед“ без мед, преку „сирење“ без млеко, до „маслиново масло“ кое е мешавина од најевтини растителни масла. Регулациите постојат, казните се делат, но синџирот на снабдување е долг и често намерно заматен. А додека некои продолжуваат да веруваат дека „во ЕУ сè е контролирано и чисто“, бугарските потрошувачи повторно платија повисока цена за нешто што всушност беше евтина индустриска мешавина. И најлошото е што најверојатно никогаш нема да дознаат кој точно стои зад оваа измама.
 
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани