„По трагите на македонската средновековна археологија - низ археолошките локалитети во Мородвис и Кожле“
  Објавено на
share

 Почитувани,


Во соработка со Фондацијата „ Кирил Трајковски“ чест ни е да Ве поканиме
на отворањето на изложбата посветена на делото и истражувачкиот пат на
Кирил Трајковски, насловена „По трагите на македонската средновековна
археологија - низ археолошките локалитети во Мородвис и Кожле“

Делото на Кирил Трајковски претставува значаен придонес во истражувањето
и разбирањето на македонската средновековна археологија. Неговата
посветеност, теренска работа и научна љубопитност оставија трајна трага
која денес ја продолжуваме и надградуваме.

Оваа изложба нè води низ еден исклучително значаен сегмент од нашето
минато – средновековието, период кој носи длабока духовна и културна
вредност. Преку археолошките истражувања на локалитетите во Мородвис и
Кожле, пред нас се отвора приказната за секојдневниот живот, верувањата
и континуитетот на живеењето на овие простори. Истовремено таа
претставува не само поглед кон минатото, туку и потсетник дека
културното наследство е живо, тоа е мост помеѓу времињата кој што нè
поврзува со нашите корени и со вредностите кои што и денес ги носиме.

Се гледаме во среда на 29 април, во 14 часот, во просториите на
Археолошкиот музеј на РС Македонија.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани