ОТРОВИ ВО ДЕТСКАТА ОБЛЕКА
  Објавено на
share

ОТРОВИ ВО ДЕТСКАТА ОБЛЕКА 

 

Се појави нова студија од Marian University во Америка. Тестирале единаесет детски маици од евтини продавници за брза мода. Во сите единаесет нашле олово над дозволената граница од сто делови на милион, што е официјалниот лимит за детски производи во САД. Најмногу олово имало во светлите бои – црвена, жолта, розова и слично.

Оловото е отров што особено им штети на децата. Тие често ги ставаат алиштата во уста, па дури и кратко џвакање може да пушти опасни количини. Може да предизвика проблеми со мозокот, однесувањето и развојот.Главна истражувачка е професорката Камila Deavers, а со неа работеле студентките Cristina Avello и Priscila Espinoza. Тие велат дека родителите често не знаат за овој проблем. Студијата се презентира сега на состанокот на American Chemical Society во Атланта.Перењето не го решава проблемот, оловото е вградено во бојата.
 
Официјалниот линк од American Chemical Society е овој:



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани