СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ОФИЦИЈАЛНО Е АЛТА БАНКА Новиот менаџмент ветува иновации и модерни дигитални услуги
  Објавено на
share

 

СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ОФИЦИЈАЛНО Е АЛТА БАНКА Новиот менаџмент ветува иновации и модерни дигитални услуги

Преименувањето следи по успешната аквизиција и влезот на банката во АЛТА Група, која најавува иновации, дигитализација и подобрено корисничко искуство.

Почнувајќи од денес, 12.12.2025 година, со усвојувањето на измените и дополнувањата на Статутот на Собранието на акционери, Стопанска банка а.д. Битола и официјално доби ново име – АЛТА банка АД Битола, или скратено АЛТА банка.

Успешната аквизиција на Стопанска банка а.д. Битола од страна на АЛТА банка АД Белград заврши во октомври 2025 година, со што банката доби нов мнозински акционер кој, заедно со поврзаните субјекти, поседува 93,2571% од акциите.

АЛТА банка АД Битола станува дел од АЛТА Група – современа финансиска групација со седиште во Белград, која ги обединува банкарските, платежните и инвестициските услуги. Како регионален лидер, АЛТА Група работи согласно европските вредности и највисоките стандарди, со силен стратешки фокус на иновации, дигитализација и врвен квалитет на услугите.

 

АЛТА банка АД Белград е една од најзначајните членки на групацијата, која во 2024 година ја доби наградата за најбрзорастечка банка во Република Србија. Миграцијата и усогласувањето со нејзините највисоки стандарди од страна на АЛТА банка АД Битола ќе отвори нови можности за воведување иновативни производи и современи дигитални решенија, како и за унапредување на корисничкото искуство и задоволството на клиентите, со целосно почитување на домашните финансиски стандарди и регулативи.

Амбицијата на АЛТА банка АД Битола е да стане значаен фактор во банкарскиот сектор во Македонија, поддржувач на локалната економија и институција што ќе создава услови за развој на регионалната соработка.

Она што е особено важно за клиентите и деловните партнери е дека работењето на банката продолжува непречено, со целосно задржување на досегашната стабилност, сигурност и континуитет во услугите. Сите експозитури остануваат на истите локации, со воведување на нов визуелен идентитет на АЛТА банка.

„За постоечките клиенти не се потребни никакви дополнителни активности – сите постојни сметки, платежни картички, електронско банкарство и договори остануваат целосно валидни и функционални. Податоците на клиентите се во целост заштитени, а сите законски регулативи строго се почитуваат. Производите, услугите и каналите за поддршка продолжуваат да се користат без промени. Клиентите ќе бидат навремено информирани за сите понатамошни активности кои ќе придонесат за уште.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани