АЛТА Банка со реакција на прес-конференција на Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ
  Објавено на
share

СДСМ ИЗНЕСУВА НЕВИСТИНИТИ, НЕТОЧНИ И МАНИПУЛАТИВНИ НАВОДИ Реакција од АЛТА Банка АД Битола, екс-Стопанска банка Битола

 

Најостро ја осудуваме денешната прес-конференција на СДСМ и изнесените невистини и манипулативни наводи, кои се во целосна спротивност со јавните заложби на оваа партија за привлекување нови инвестиции и унапредување на регионалната соработка. Зачудувачки е што токму СДСМ, партија која претендира да биде сериозен политички фактор, си дозволува да пласира неосновани и неточни информации за субјект од банкарскиот сектор, со што внесува несигурност во банкарскиот систем, а со тоа директно ја доведува во прашање сопствената политичка одговорност и кредибилитет. Дополнително, зачудувачки е тоа што СДСМ ги изнесува истите ставови кои во изминатиот период ги застапуваше нивниот долгогодишен политички партнер ДУИ. АЛТА Банка АД Белград е една од најзначајните членки на АЛТА групацијата и една од најиновативните финансиски институции во Србија. Таа е значаен финансиски актер која покрај инвестицијата во Македонија, бележи и неколку веќе реализирани инвестиции во регионот. АЛТА банка во континуитет има исклучителни деловни резултати и силен раст, а во 2024 година доби награда за најбрзо растечка и најиновативна банка во Република Србија. Стопанска банка АД Битола е горда што добива сериозен и стабилен стратешки партнер, што претставува позитивен чекор за банкарскиот сектор и за економијата во целина.

Доколку СДСМ јавно не се извини за изнесените невистини и дезинформации, ќе бидат преземени сите соодветни Правни и институционални чекори за заштита на угледот и интегритетот на Банката.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани