АЛТА БАНКА ВЛЕГУВА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР СО СИЛНА ВИЗИЈА ЗА РАЗВОЈ
  Објавено на
share


АЛТА БАНКА ВЛЕГУВА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР СО СИЛНА ВИЗИЈА ЗА РАЗВОЈ

 АЛТА банка а.д. Белград, една од водечките и најиновативни финансиски институции во регионот, направи голем чекор со доставување на понуда за превземање  на Стопанска банка а.д. Битола. Со оваа инвестиција ќе започне ново поглавје на раст во секторот на финансиски услуги за граѓаните и компаниите во Република Северна Македонија.

 

Понудата за превземање објавена на 11 Септември 2025 година се однесува на сите акционери кои поседуваат акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола, 

Алта банка АД Белград, понудата за превземање ја објави согласно добиеното решение за издавање дозвола за понуда за преземање од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија  од 10 Септември 2025 година и добиената претходна согласност од Народната банка на Република Северна Македонија за стекнување на капитален дел од од акциите во Стопанска банка АД Битола.

 

„Оваа интеграција ќе донесе значајни придобивки за македонскиот пазар и ќе придонесе за развој на локалната економија,“ изјави д-р Давор Мацура, претседател на Управниот одбор на АЛТА банка.

 

Претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола, г-ѓа Александра Радевска, изјави:

„Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола ја доби понудата за преземање и Проспектот за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка АД Белград.

Согласно стратешките цели на Алта банка АД Белград, како што е предвидено во јавно објавениот проспект, оваа инвестиција ќе влијае   за понатамошен развој и унапредување на работењето на Стопанска банка АД Битола. 

 

Доколку процесот успешно се заврши, верувам дека искуството и експертизата на Алта банка ќе придонесат за натамошно унапредување на квалитетот на услугите што ги нудиме, особено во сегментите на иновации, дигитализација и стратешка поддршка на клиентите”.

 

АЛТА банка е значаен финансиски актер во регионот и се очекува дека и во Република Северна Македонија ќе настапи одговорно и домаќински – со целосно почитување на пазарните специфичности, потребите на клиентите и регулаторната рамка. Доколку оваа инвестиција се реализира ќе претставува значаен чекор кон регионално поврзување, зачувување на континуитетот и отворање простор за иновации и нови развојни можности.

 

Со оваа стратешка соработка, Република Северна Македонија ќе стане значаен дел од мрежата на АЛТА банка – мрежа која ја обликува иднината на банкарството во регионот


 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани