Внимателно! Најнова измама со лажни ПОЦ казни оставени на возила.
  Објавено на
share

 Најнова измама со лажни ПОЦ казни оставени на возила.

 

Според објава а на твитер наводно постои и се изведува измамам со лажни казни за паркирање. Објавата е од Божидар Спировски кој го обелодени ова на  цвојот X/твитер профил

https://x.com/spirovskib/status/1841400235643326926

Еве што објавил - 


Измамата води на лажен сајт за наплата кој краде броеви на картички и лични податоци за понатамошна продажба, кражба и злоупотреба на идентитет. Споделете и едуцирајте!

Image

 

Измамата започнува со оставање на физичко ливче (казна) на возилото, со наводен QR код кој треба да се скенира за да се плати казната. Најмалку десетина граѓани веќе наседнале на измамата

Image

QR кодот води на сајт со следниот линк (намерно скршен за да не кликнат луѓе) https[://]freezonebelgrade [.]org[/]PayDpk.html Страната прво бара да се внесат лични податоци, некаков број од казната, потоа отвора форма за број на картичка (Бројот на картичка е лажен)

Image

 

Страната не валидира ниту еден податок, можете да внесете што сакате. Кога ќе притиснете "плати", добивате безусловна порака за успешно плаќање - дури и со лажни податоци. Целта не е веднаш да ви извлечат пари, туку да ги украдат личните податоци и бројот на картичка.
 
Image
 
Измамата може да трае и подолго време бидејќи жртвата нема веднаш да види штета. Криминалците се локални и не сакаат да се изложат на ризик да генерираат трансакција бидејќи секоја трансакција мора да е од регистриран трговец кој ќе го најдат банките локалната полиција
Криминалците ќе заработат подоцна со трансакции на странски сајтови или со продажба на украдени податоци Ако некој внел картичка на ваков сајт, ВЕДНАШ блокирајте ја картичката Не верувајте на QR код. Најдете го регистрираниот сајт на Google и платете директно на него.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани