Да бидеме повторно горди - Џејсон Мико
  Објавено на
share

 

 

Да бидеме повторно горди

Меѓу 6,1 милиони зборови што Винстон Черчил ги напишал во неговите над 40 книги е содржана и оваа забелешка: „...луѓето забораваат на страдањата, но не и на понижувањата...“

Тешко е да се чувствуваш охрабрен, мотивиран, орен за за својата иднина - а камоли тоа да го правиш секое утро кога ќе се разбудиш - ако се чувствувате понижено и веруваш дека си намерно понижен од некој друг. Тоа е едноставно човечка природа. Вашиот психолошки начин на размислување – како поединец или како народ - може длабоко да влијае, и на позитивен и на негативен начин, на вашата способност да одите напред и едноставно да функционерите. Ако постојано се чувствувате понижено, тогаш едноставно е многу тешко да станете и да тргнете напред.

Во моето време поминато со Македонија и Македонците во изминатите речиси три децении, бев сведок на страдањата и понижувањата на Македонија. Како што вели Черчил, вие заборавивте - или барем избравте да не се фокусирате - на многу од страдањата што ги претрпевте. Но понижувања продолжуваат без престан.

Покрај понижувањата што се истурија врз Македонците од страна Грција, а сега и од Бугарија, имаше понижувања кои ви ги испорача македонската влада под СДСМ (сега веќе во заминување) со нивните бедни попуштања пред налетите на наводно помалиот коалициски партнер ДУИ, не само во врска со името и идентитетот на Македонија, туку и врз други теми. Ова вклучуваше практично преземање на голем дел од македонската Влада од страна на ДУИ во изминатиет речиси седум години што дозволи неконтролирана корупција во власта и криминал на улиците.

А потоа следуваат понижувањата испорачани од ЕУ. Македонија е кандидат за членство од 2005 година, а сепак, одново и одново, на Македонците со слични фрази им беше кажано дека: „Мора да прифатите работи што на ниту една друга земја-кандидат не и биле побарани за да се приклучи на нашиот клуб“. Не е ни чудо што довербата во ЕУ како институција рапидно опаѓа.

Денес, сепак, е нов ден. Македонците не ги заборавија овие понижувања од изминатите

33 години и денес го креваат гласот и го потврдуваат својот идентитет и име. „Македонија повторно горда“, не е само слоганот на новата претседателка и на идната влада. Тоа е состојба на умот замислена да да испорача малку гордост – правилно разбрана – за тоа што е и што значи да се биде Македонец.

Точно, Грција, Бугарија, ЕУ и Стејт Департментот на САД ќе продолжат да ви кажуваат дека ако владините лидери инсистираат да го користат зборот „Македонија“ без додавки и придавки, вратите кон ЕУ ќе останат затворени. Тие истовремено ќе ви кажуваат дека мора да се приклучите на ЕУ затоа што, според нив, немате друг избор. Тоа е едната и единствена карта што тие ја имаат и што ја држат над Македонија.

Но, колку што гледам, има два проблеми со нивната стратегија. Првиот е фактот дека нивниот кредибилитет е тотално потрошен. Повторувам, Македонија е земја кандидат од 2005 година и гореспоменатите веќе изјавија дека Македонија ќе може да ги започне пристапните преговори кога ќе ги прифати грчките барања. Македонија го направи ова – против волјата на народот - но потоа Бугарија настапи на сцената со своите барања и вета, во што беше поддржана од различни земји од ЕУ. Значи, тие никогаш не го исполнија тоа што го ветија, и не можат да го испорачаат поради нивните внатрешни противречности.

Вториот проблем за нив не е проблем за Македонија.

Во мај, самонаречениот аналитички и акциски центар Македонија 2025 го одржа својот годишен самит во Скопје. Бизнисменот со македонско потекло Мајк Зафировски, кој е еден од основачите на Македонија 2025 и поранешен извршен директор на Моторола, даде интервју за 360 Стпеени по самитот во кое изјави: „Мислам дека можете да постигнете економски раст над 5 проценти со или без ЕУ... Мислам дека ЕУ е голем клуб на кој треба да му припаѓаш... но сакам да ја пренесам пораката дека не мислам дека [да се биде во] ЕУ само по себе ќе предизвика раст од 5 проценти, или пак дека ќе не спречи ако не бидеме дел од ЕУ (слушајте од 47:50, но вреди да се слушне и целото интервју).

И ете: Македонија може да постигне економски раст од 5 проценти со или без ЕУ. Кажано од успешен меѓународен бизнис лидер. Би му верувал на поранешниот извршен директор на Моторола, родум Македонец, попрво отколку што би им верувал на дипломатите, бирократите и политичарите во Стејт департментот и во ЕУ, кои ниту еден ден од својот живот не работеле во приватниот сектор.

Но, пред да отидете и да им кажете на Стејт Департментот и на ЕУ да се носат, има само уште нешто што Зафировски го кажа во тоа интервју, што вие како држава и како поединци морате да го направите за да го постигнете посакуваниот економски раст: мора да сакате да успеете и мора да работите на тоа. Ова значи дека мора да се води борба против корупцијата, да се работи на подобрување на владеењето на правото, меѓусебна поддршка, прекин на внатрешните борби и да се покаже малку трпение. Секој граѓанин мора да работи на ова, како и новата влада. Како што Зафировски рече „Ги охрабрувам сите во Македонија да бидат за пример“.

Значи, еве сме во јуни 2024 година: имаме нов претседател, (уште малку) нова влада, нова шанса да свртите нова страница, повторно да бидете горди и да одите напред. Можеби нема да ги заборавите сите понижувања, но тие можат да послужат како катализатор за позитивна промена во секоја област од животот – како поединци и како земја. Имате можност да бидете најдобри што можете да бидете како татко, мајка, сопруг, сопруга, син, ќерка, баба и дедо, тетка, вујко, братучед, пријател. Да R03;R03;бидете модел како учители, бизнисмени, уметници, работници, земјоделци, менаџери, здравствени работници, верски водачи, спортисти, и да, владини функционери. Да се R03;R03;работи на почитување на владеењето на правото на секое ниво, на борба против корупцијата, за поттикнување на иновациите, најдобрите практики и креативноста во секоја област. И сето тоа да се направи со чувство на благодарност, бидејќи благодарноста е мајка на сите правилни ставови.

Се надевам дека ќе го направите сето ова и повеќе, бидејќи знам дека можете.

https://macedoniancontentfarmers.substack.com/p/0d0




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани