Производите на Витаминка пред светската јавност на саемот ISM во Келн
  Објавено на
share

 СООПШТЕНИЕ 

 

Производите на Витаминка пред светската јавност на саемот ISM во Келн

 

Производите на Витаминка се преставени пред светската и стручна јавност на саемот ISM во Келн, Германија. Компанијата традиционално зема активно учество на овој престижен саем веќе дванаесет години по ред и се претставува со целиот свој асортиман, што предизвикува особен интерес од страна на посетителите.

Саемот претставува одлична можност за Витаминка, да ги продлабочи односите и соработките, како и да се остварат нови контакти со потенцијални дистрибутери ширум светот.

 

„Настапот на саемот ISM е од големо значење за изложувачите, затоа што ова е најголем светски саем специјализиран за кондиторија. Тука изложуваат најзначајните фирми од оваа индустрија и доаѓаат посетители од целиот свет што прави ИСМ да ужива репутација на најзначајно место за промовирање на еден производител. Витаминка е редовен изложувач тука и во досегашното искуство сме се увериле во придобивките и реалните резултати. Истовремено, со нашата разновидна, богата и квалитетна понуда високо се позиционираме во нивото на производители и изложувачи присутни тука и на тој начин обезбедуваме успешно пробивање и до останатите светски пазари“, вели Љупчо Велески, директор на Извоз во Витаминка.

 

И оваа година на ISM се претставени и најголемите технолошки иновации и трендови во кондиторската индустрија, со главен фокус врз потребите на потрошувачите и стимулирање на компаниите за проширување на својот спектар со нови и иновативни производи што ќе одговорат на барањата на консументите. Со над 1 400 изложувачи од 74 земји, саемот нуди опширен преглед на тековните случувања.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани