Прогласување на кралот на ковид дезинформациите
  Објавено на
share

 

 

Прогласување на кралот на ковид дезинформациите

Заслугите за оваа неславна титула ги набројува доктор Марти Адел Макари од престижниот биомедицински истражувачки центар и болница Џон Хопкинс. Се работи за американска институција. А и кралот не е од некаде далеку.

Најголем протагонист на лажните информации за време на пандемијата беша владата на Соединетите Американски држави.

Дезинформации дека ковидот се шири преку површини.

Дезинформации дека вакциналниот имунитет е далеку подобар од природниот.

Дека маските се ефикасни. Сега за тоа го имаме конечниот Кокреин извештај. Што правите за тој извештај? Кокреин со децении е најавторитетното медицинско тело; ќе го игнорирате, нема да зборувате за тоа?

Дезинформации дека миокардитисот е повообичаен после заразата отколку после вакцината. Не е вистина. Од 4 до 28 пати е почест после вакцинирањето.

Дека младите имаат бенефит од бустер дозите. Дезинформација. Двајца наши врвни експерти за вакцини се повлекоа од Агенцијата за храна и лекови, во знак на протест околу ова конкретно прашање - да се буткаат бустери за млади здрави луѓе. Податоци за ова никогаш немаше. Тоа е причината што Центарот за контрола и превенција на заразни болести никогаш не ги обелодени стапките на хоспиотализации меѓу бустираните Американци под 50 години.

Бевме сведоци на нешто за кое нема простување: користење на медицински истражувања како оружје.

Зошто Центарот извади студија за природниот имунитет во само една држава наљудувана два месеца, кога имаа податоци за сите 50 држави со години? Затоа што само тој мал исечок од огромната база им даваше резултат кој го посакуваа. Истото беше и со студијата за маските.

Тие го лажеа американскиот народ.

 

Благодарејќи на американскиот закон за достапност за информациите, досега се откриени многу бекстејџ детали поврзани со ковидот и неговото потекло како и за процесите со кои брзо се дојде до вакцини. Во последната епизода, загриженоста била околу евентуалните сериозни алергиски реакции при што на надлежните им било најважно да се договорат за „меѓусебната доверливост.“ 

Исмевањето на оние кои имаа дилеми околу ковид вакцините долго време беше една од омилените дисциплини на медиумите и „одговорните“. Линчот се правдаше со „научниот консензус“ кој постои околу вакцините. Шу праиме сега, кога консензусот се смени, односно е јасно дека никогаш и не постоел бидејќи едногласието се темелеше на принуди, измами и цензури?




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани