- Не во училиштето, дури не и во црквата, туку во семејството се образува погледот на светот и човекот
  Објавено на
share

 Парафрази од "Великиот пост"

 
- Не во училиштето, дури не и во црквата, туку во семејството се образува погледот на светот и човекот, на почетокот тој поглед можеби е заматен, та дури и несвесен, но подоцна тој станува решавачки фактор на целиот наш живот.
 
Достоевски (кој веројатно и он треба да биде отфрлен да не користам друг недоличен збор) преку старец Зосим вели: "...човекот нема подрагоцен спомен од оној во раното детство". Со тие спомени човекот е спасен за целиот живот (особено се тие литургиски спомени). И кого би преобратиле сега? То шо не се прчело, не се ни козело, вели народната. Освен човек да жали и да се моли, а да преубедува некого не може, особено ако некој за тоа земал пари или не дај Боже пролелал крв, тука нема враќање, Петар се врати и се покаја во солзи оти не зеде пари и не пролеа крв, Јуда не се врати, некои ќе речат имал можност, да имал но пред да ги земе сребрениците, после тоа нема враќање, а тоа и му го кажале кога им ги вратил парите, а гледаме дека тоа и во светот се случува, бидејќи ништо, ама ништо не може да биде изземено од случувањата во Евангелието. Кон Бога се обраќаат не заради проповеди и објаснување за Него, за верата, туку затоа што во Него виделе светлина, радост во тага, христијаните со животот според верата само усмеруваат и го потврдуваат тоа. Но, она што го учи Црквата низ вековите преку компромиси сме се навикнале учењето да го усогласиме со нашите човечки слабости и да си обезбедиме праведност во сопствените очи и мирна совест, а преку што друго освен ако не преку Пилатовото миење на раце. На крајот од краиштата, да ти каже некој дека си од..бан, значи дека имаш минимални шанси да бидеш за..бан. А, децата не учат туку виѓаваат од родителите како што рекол старец Зосим, значи домашното воспитание е најважното, ете ни шанса, но очигледно сn4; помалку нn4; има дома.
 
Се ближи 24 мај што ли ќе кажат извршните мудреци што ги спроведуваат законите на закрепостените законодавци? Дури и на светите Кирил и Методиј во говорите ќе им објаснуваат што е образ и воспитание и на таков начин дупчат нафта која ја пиеме со децении.
 
П.С. Македонскиот народ има вековно искуство со сексуалното "образование", а во последниве 30 години е претворено во чист мазохизам и не знам дали ќе има можност тоа искуство некому да го пренесе оти пак кој би сакал такво изживување врз себе, врз сопствениот народ? Тоа е, "смкнати гаќи - опинок во глава" (Убермакедонише).
- Покриен газ никој не го плука. Цепенков се изнамачил да ни собере мудрости од искуство, ама и он нека ...... Покрај галамата за сексуалното образование ќе ни случи поголем флерт како што обично и бива, а дотогаш ќе џавкаме. На крај сите овие само зборови беа сосема непотребно, духовно погубно, а изгубено време.
 
отец Горан Стојчевски
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани