Хрватскиот претседател на ХСС ВЛАТКО МАЧЕК уште во 1936 г.Признал: МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НАЈСТАРИТЕ ЈУЖНИ СЛОВЕНИ, ТИЕ HE СЕ НИ БУГАРИ, НИТУ СРБИ; СЕ БОРАТ И ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА!
  Објавено на
share

 

Хрватскиот претседател на ХСС ВЛАТКО МАЧЕК уште во 1936 г.Признал: МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НАЈСТАРИТЕ ЈУЖНИ СЛОВЕНИ, ТИЕ HE СЕ НИ БУГАРИ, НИТУ СРБИ; СЕ БОРАТ И ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА!


 

 

 
Влатко Мачек, водечкиот хрватски политичар до почетокот на Втората светска војна и претседател на Хрватската селанска партија (ХСС), во 1936 година изјавил дека македонскиот народ во Кралството Југославија се наоѓа во тешка положба слична со онаа на хрватскиот народ. Мачек за Македонците вели дека се „веројатно најстарите од сите јужни Словени” на својата територија и сметаат дека нe се ниту Бугари, ни Срби.
 
– „Токму поради тоа, тие уште пред (Првата) Балканска војна, а и по Сојузничката (Втората балканска, б.п.) и Општоевропската (Првата светска) војна, страдаа многу, како од Бугарија, така и од српската национална пропаганда, којашто, за жал, не се водеше секогаш со културни средства. Никако не е чудно што во југословенскиот дел на Македонија по склучувањето на мирот во 1918 г. во меѓусебните борби меѓу македонскиот народ и белградскиот режим продолжуваа да се употребуваат истите методи.”
 
Мачек објаснува дека се сретнал со неколку македонски водачи, кои му изјавиле:
 
– „Ќе беше голема среќа ако ние Македонците водевме легална борба од 1918 г. до денес, како идејна борба против насилството. Ние денеска можеби ќе се израмневме со Хрватите, а можеби ќе бевме и на подобро рамниште.”
 
Мачек истакнува и дека Македонците издале леток во којшто отворено се издигнува македонското гледиште: „слободна Македонија во југословенската држава изградена врз словенските принципи“.
Тој потоа објаснува како Македонците решително нагласуваат дека имаат намера борбата за национална слобода да ја водат со легални средства. Тоа, според Мачек, е нов доказ за полната неспособност на владата на југословенскиот премиер Милан Стојадиновиќ, кој наместо да го поздрави таквиот значителен премин на македонскиот народот од нелегална кон легална борба, „апси десетици чесни и добронамерни Македонци и им инсценира еден процес по прочуениот ‘Закон за заштита на државата’.”
ИЗВОР: „Трудова Македония”, бр. 4, год. III, 30 август 1936, стр. 1.
 
„Трудова Македонија“ е гласило на Македонскиот народен сојуз во Америка (МНС) на македонскиот иселеник, илинденецот Смиле Војданов. Весникот излегува од 1934. до ’38 година. Македонците својот весник го издавале во Детроит, Мичиген, САД, и написите морале да бидат печатени на признат и официјално кодифициран јазик. Во случајов, тоа се тнр. бугарски и англискиот јазик.
 
Македонскиот јазик тогаш – во 1930-тите, сn4; уште не е кодифициран и сn4; уште не е официјално меѓународно признат, така што тешко би било некој да дозволи да се пишува и печати на некодифициран и неофицијален јазик.
Но, написите морало да бидат разбирливи и за Американците, но и за Македонците кои не знаат англиски, француски, германски, шпански… Сепак, тнр. бугарски (којшто не е турко-татарски јазик, туку сепак е словенско наречје), е поблизок до македонскиот јазик. —-/

 
 
 
 
 
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани