Државна контрола на цените: Од Џорџ Вашингтон, до Диме Ќурка
Автор: Виктор Трифуновски   Објавено на
share

 Државна контрола на цените:

 

 

Од Џорџ Вашингтон, до Диме Ќурка

Зима 1777 година, втора година од Американската Револуција против Британските Колонисти. Контитенталанта армија на Џорџ Вашингтон е концентрирана во Пенсилванија, и се соочува со катастрофално лоша логистика, особено со недостиг на храна. Големото присуство на војска ја зголемува побарувачката за храна, особено за житни производи, брашно и леб...чии цени растат со неверојатна брзина.
Во Март 1777, откако ја превзема власта во Пенсилванија, новиот Гувернер Thomas Warton Jr. воведува контрола на цените на лебот, житото и брашното...подоцна и на други продукти. Ситуацијата се влошува до таа мера, што војниците почнуваат да ги јадат кожните делови од воената опрема, ловат глодари и птици, и се почесто влегуваат во конфликт со локалните фармери.
Поради политичката контрола на цените, фармерите почнуваат житото да го продаваат надвор од Пенсилванија, дел од нив ја напуштаат Пенсилванија, додека останатите се помалку се одлучуваат на производство на жито и останати производи чија цена ја контролира државата. Понудата на храна дополнително се намалува, гладот зема уште поголем замав, дел од војниците поминуваат и по неколку дена без никаков оброк.
Разочаран од целата ситуација, Вашингтон бара од новиот Гувернер на Пенсилванија да ја укине контролата врз цените. Во првите три недели од укинувањето на контролата Јануари 1778, цените повторно растат со огромна брзина, но високите цени привлекуваат фармери и трговци од околните држави.
Привлечени од високите цени и добрата можност за заработка, бројни трговци и фармери доаѓаат да продаваат храна (особено жито и брашно) зголемувајки ја притоа понудата од ден во ден. Зголемената понуда ги соборува цените за помалку од еден месец.
Воодушевени од оваа ситуација, некои Генерали подредени на Вашингтон, дури дозволуваат отворање на пазари во самите воени кампови. Понудата е дополнително зголемена, дури и проширена со нови производи, додека цените дополнително паѓаат. Во наредните неколку години, слична ситуација се случува и во државите Делавер, Њу Черси и Џорџија...и расплетот е ист.
Генерал Вашингтон никогаш немал поголеми проблеми со финансирање на континеталната војска, ама кога политиката ќе се вмеша, кога производството ќе умре...едноставно немате што да купите со Вашите пари, тие стануваат безвредни...а луѓето гладни.
Пред 250 години Американците сватиле дека СЛОБОДНИОТ ПАЗАР НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ГО ЗГОЛЕМУВА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД со континуирано зголемување на понудата и намалувањето на цените. СЛОБОДНИОТ ПАЗАР носи капитал кој отвора работни места и ја поскапува работната рака. Понатаму од профитот на СЛОБОДНИОТ ПАЗАР се плаќа данок, кој овозможува постоење на државните институции.
СЛОБОДЕН ПАЗАР, а не политички илузии и „види што ми текна“ закони. Слободниот пазар го прават професионалните претпреиемачи, производителите и трговците, секој во својот сектор... а не државните бирократи.
200 години подоцна истото го сватија и Кинезите и останатите Азијати. Еве ги каде се денес, економски се посилни дури и од Америка. После економските реформи, и пазарната либерализација во Кина на Ден Ксијао Пинг од доцните 1980-ти години, кинезите го живеат највисокиот животен стандард во нивната историја...сосема заслужено.
Слично искуство имала и Зап.Германија веднаш по Втората Светска Војна. Од 1945 до 1948, Зап.Германија имала строга политичка контрола врз цените, огромен недостиг од основни животни намирници. Сите обиди тоа да се компензира со поголема количина на пари во оптек завршуваат со инфлација и уште поголема мизерија. СЛОБОДНИОТ ПАЗАР и реформите на Конрад Аденауер (Канцелар 1949-1963) и особено на Лудвиг фон Ерхард (Канцелар 1963-66) се оние кои Зап.Германија ја траснформираат во позитивен правец. Во периодот 1949-66, Зап.Германија е претворена, од рушевини, во највисокоразвиена држава во Европа, која покажува недостиг на работна рака.
Треба ли нешто посебно да се збори за контролата на цените во Венецуела, кога Чавез ги национализираше супермаркетите?
Треба ли посебно да се збори за „замрзнувањето на цените“ и празните рафтови во времето на Милка Планинц и Веселин Џурановиќ?
Политичката контрола врз цените СЕКОГАШ И СЕКАДЕ носела мизерија, сиромаштија, недостиг на производи...и понатаму шверц, зголемена корупција врз институциите и распад на системот. СЛОБОДНИОТ ПАЗАР (по ново Капитализам) стои позади високиот животен стаднард на сите држави на кои денес им се восхитуваме.
И сега премиерот на Македонија, пазете ве молам, дипломец на Харвард, збори дека ќе ја контролирал цената на лебот.
Па добро, што учел на тој Харвард, плански петтолетки?
Зарем е можно да не учел ништо за слободниот пазар во Америка, за индустриската историја на Америка?
Како Америка станала економска сила... со државна контрола на цени? Или со пљачкање црнци и индијанци, како што тврди Комунистичката Интернационала?
НЕ... туку со СЛОБОДЕН ПАЗАР, кој им овозможил на сиромашните имигранти (како Тесла, Пупин, Шевролет, Кодак, итн, итн) да создаваат за профит, и тоа да создадат производи кои од темел го промениле човештвото...во подобар правец.
Нека му каже некој на премиерот, пред да ја изгладни Македонија, да ги укине дозволите и квотите за увоз на брашно и жито...поготово од НЕ-европските земји (гајле ми е што ќе каже Брисел, народот не смее да биде гладен)... а не да си игра со цени, во бизнис за кој благе везе си нема.
Поготово нека си го чукне по глава оној клошар од Министерство за Земјоделие. Малиот влегол у филм, дека преку сателит ќе ги „контролирал“ земјоделците, дали садат согласно неговите дозволи и замисли. ИДИОТ!
Нека ги пушти земјоделците да садат она што сакаат, она што им го бара пазарот. Цените НЕ се само социјална категорија, тоа се пред се СИГНАЛИ кои ги праќа пазарот, сигнали за тоа што им недостасува на обичните луѓе.
Кога цените во еден сектор растат, привлекуваат повеќе инвеститори кои сакаат да заработат. Понатаму новите инвестиции ја зголемуваат понудата. Зголемената понуда и конкуренцијата меѓу понудувачите потоа ја симнува цената. Ама за тоа е потребен и СЛОБОДЕН ПАЗАР, секој да може да увезува, произведува и тргува со жито, брашно и леб. Слободен пазар без НИКАКВИ политички ограничувања, и по можност со што пониски даноци.
Се друго ќе значи глад.
 
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани