ОДДЕЛОТ ЗА УРОЛОГИЈА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ Е НА НИВО НА ГОЛЕМИТЕ СВЕТСКИ ЦЕНТРИ – ПОСЕТА НА УРОЛОЗИТЕ Д-Р НАТАЛИЈА ГАРЦКА И Д-Р АКИЛАС КОТУРИС
  Објавено на
share

 

ОДДЕЛОТ ЗА УРОЛОГИЈА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ Е НА НИВО НА ГОЛЕМИТЕ СВЕТСКИ ЦЕНТРИ – ПОСЕТА НА УРОЛОЗИТЕ Д-Р НАТАЛИЈА ГАРЦКА И Д-Р АКИЛАС КОТУРИС  

 

Викендов во посета на Клиничка болница „Аџибадем Систина“ и Одделот за урологија беа истакнатите уролози, д-р Наталија Гарцка, од Виена и д-р Акилас Котурис, од Грција. Посетата на докторите беше предводена од шефот на Одделот за урологија, д-р Александар Мицковски и светскиот еминентен уролог, детски хирург и микрохирург, со над 20-годишно искуство во урологијата и гениталната реконструктивна хирургија, д-р Владимир Којовиќ. За време на дводневниот престој, тие детално се запознаа со функционирањето на Одделот за урологија, за кој велат дека е на ниво на големите светски уролошки центри.

„Во ’Аџибадем Систина’ се изведуваат најсложените реконструктивни уролошки интервенции врз пациенти кои имаат сериозни проблеми, а овде имаме совршени услови за да ги изведеме беспрекорно и успешно. Чест ни е што имаме посета од нашите колеги од Австрија и Грција, д-р Наталија Гарцка и д-р Акилас Котурис, кои изразија желба да дојдат и да го усовршат своето знаење. ’Аџибадем Систина’, за разлика од многу други клиники, нуди сè, сè што е потребно за да биде успешно излечен еден пациент, но од друга страна, нуди и сè што му треба на еден доктор хирург за да биде успешно изведен еден оперативен зафат. Комплетно сè – од дијагностика, организација од страна на шефот на одделот, д-р Александар Мицковски, како и операциони сали и опрема и болничко сместување, сè е на светско ниво“ – изјави д-р Владимир Којовиќ.

Нивниот престој се состоеше од два дела. На првиот ден од нивната посета тие се запознаа со амбулантскиот дел на овој оддел и процесите што се применуваат кај уролошките пациенти. Во вториот дел им беа презентирани операционите сали, интензивната нега и интервенциите што се изведуваат.

„Првпат доаѓам во ’Аџибадем Систина’. Многу сум импресионирана, болницата е многу модерна, нуди современа опрема и ефективен тим. Сакам да го усовршам моето знаење во реконструктивната урологија, јас сум соработник на проф. д-р Којовиќ. Запознав многу добар тим тука и воопшто многу е убаво. Имам впечаток дека болницата е многу голема, многу добро организирана, стандардите се на највисоко ниво“ – изјави д-р Наталија Гарцка, специјалист по урологија од Медицинскиот универзитет во Виена, Австрија. 

Тимот доктори беа изненадени од целосната инвестиција, модерната технологија и условите што „Аџибадем Систина“ ги нуди за своите пациенти, која, како што изјавија, не може да се сретне и во дел од најразвиените земји.

„Сметам дека ’Аџибадем Систина’ е модерна болница, ги покрива потребите на една европска болница и топло ја препорачувам. Ја видов опремата, ја видов болницата, многу средства се инвестирани тука... Задоволство ми е да бидам дел од тимот, јас соработувам со проф. д-р Којовиќ веќе четири години.  И се надевам дека ќе продолжиме и во иднина. И последен, но не помалку важен момент е соработката со д-р Мицковски, кој стои зад целокупната работа на тимот тука“ – изјави д-р Акилас Котурис, специјалист по урологија од Грција.  

Посетата беше и одлична можност за размена на позитивни искуства и релации. 

ОДДЕЛ ЗА УРОЛОГИЈА – СПОЈ НА НАЈСОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА И ВРВНИ СПЕЦИЈАЛИСТИ

Покрај стандардните процедури за дијагноза и третман, како и превентивни уролошки прегледи, уролошкиот тим од „Аџибадем Систина“ ги изведува и најсложените реконструктивни операции на урогениталниот тракт кај деца и возрасни. Тимот доктори се пионери во многу сложени интервенции, со што може да се каже дека Одделот за урологија во „Аџибадем Систина“ е лидер во земјава и регионот. Предводник на Одделот е д-р Александар Мицковски, специјалист по урологија, a тимот брои околу 10 истакнати специјалисти по урологија меѓу кои се и д-р Владимир Којовиќ, еден од најпознатите уролози, детски хирург и микрохирург, со над дваесетгодишно искуство во урологијата и во гениталната реконструктивна хирургија, како и д-р Зоран Крстаноски, кој е еден од најискусните уролози во Југоисточна Европа, пионер во воведување и стандардизирање на многу нови минимално инвазивни хируршки методи. На Oдделот за урологија во „Аџибадем Систина“, кој е составен од еминентни доктори од земјава и регионот, неодамна е набавен и најсофистициран и најсовремен ласер „Quanta Cyber No 150“.


 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани