И Меси цел на Ал Наср - дали спретстои уште поголем, поспектакуларен и поскам трасфер на сите времиња?
  Објавено на
share

И Меси цел на Ал Наср - дали спретстои уште поголем, поспектакуларен и поскам трасфер на сите времиња?

 

Ал Наср успеа да го доведе Кристијано Роналдо во своите редови, за што Португалецот ќе добива рекордна плата, но тоа нема да биде последен атрактивен трансфер на клубовите од Саудиска Арабија.

Составот од Ријад веќе преговара со други познати фудбалски имиња, но одговор може да стигне и од најголемиот ривал Ал Хилал.

Ал Хилал е подготвен да оди чекор понатаму и да му понуди најмалку 300 милиони долари годишно на Лионел Меси, понуда за која Аргентинецот сигурно ќе треба добро да размисли, посебно ако не планира уште долго да игра во ПСЖ.

Трансферот на Меси во Ал Хилал би го вратил на сцена големото ривалство на Аргентинецот со Роналдо, а и би го донел највозбудливото арапско „Ел Класико“ досега, имајќи го предвид ривалството меѓу двата клуба.

Иако за тоа шансите се минимални, доколку сака да го ангажира Меси веднаш, Ал Хилал ќе мора да преговара и со ПСЖ, бидејќи Аргентинецот има договор до крајот на сезоната.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани