Како што јавуваат сите угледни медиуми од Англија и Португалија, Енцо Фернандез е пред комплетирање на најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата, односно треба да стане најскапо платениот фудбалер во англискиот фудбал.
Според информациите кои излегуваат во јавноста, Челси се договорил со Бенфика да исплати 127 милиони евра во три рати за новиот светски шампион, кој брилијираше на мундијалот во Катар и дополнително си ја зголеми трансфер цената.
Оваа сума значи дека Енцо треба да го урне трансфер рекордот кој досега е во сопственост на Џек Грилиш, фудбалер за кој Манчестер Сити плати 117,5 милиони евра.
– Челси ќе плати 127 милиони евра за Енцо Фернандез? Тоа е пеколна цена. Тој е многу добар играч, но цената е пеколна!, – гласи првата реакција на Гери Невил.