За животот да има малку повеќе смисла од гола егзистенција постои театар, црква, кино, изложби, читање книги, се друго е .... друго.
Пиење ракија и забава не е дел од животот кој продуховува. Културата ве подига, исправа, прави подобар човек. За жал, културното ниво кај нас е едно од најниските во светот.
Нам не ни фалат пари, нам ни фали култура на секое ниво. Во политика, кафани, во сообраќај, во училишта, на работа, во меѓусебна комуникација ... особено на социјални мрежи.
-Извини е знак на слабост (кај примитивци)
-Пцуење на социјални мрежи е демократија (за идиоти)
-На "извини" да не возвратиш со "прифатено", или барeм "во ред е" е дно и тоа најмногу од личност за која сметаш дека има(ла) некакво ниво ... после разбираш дека се работи за замаскиран алкос чиј табиет конечно ќе исплива и се покаже во сета своја беда.
Да заебеш држава, закон, полиција, суд се смета доблест.
Секој кој успеал да украде е херој и за восхит.
Криминалецот е инфлуенсер и омилен лик.
Проституцијата е добредојдена, прифатена и одобрена и колку поголема проститутка, колку попростачко и кич однесување - толку повеќе следбеници.
На најмизерните ликови кои најмалку заслужуваат има аплаудираме на балкон.
Политичари кои крадат - најредовно ги бираме.
Нема народ кој носи толку злоба и омраза кон ближниот како ние.
Популацијата се образува на јујтујб и секоја наука е лага и се лечи со глувчешка маст ама никако фармација.
Ова е народ што верува во чај за слабеење, на напишана цена прашува колку е цена, верува во секоја теорија на завера и после се чудиме како можеа да ни сменат име идентитет и толку да не искрадат?
Ние сме пародија на себе самите, ние сме виц на планетава, очајни, огорчени, искомплексирани, на уста агресивни, ама кукавици.
Малку ни е!