Македонецот Мартин Саздов или познат како „Сакса“ со неговиот тим Тундра изминатата вечер беа подобри од Тим Сикрет во финалето на „The International“ во Дота 2.
Финалето помина во апсолутна доминација на Тундра и со три добиени рунди во формат со пет против Сикрет сосема заслужено стигна до трофејот.
Наградниот фонд годинава на Светското првенство изнесуваше 18.5 милиони долари, додека на победникот му припадна сума од 8.5 милиони долари.
Треба да се спомене дека Мартин Саздов е првиот Македонец кој се натпреварувал на официјалните светски првенства на Дота, а интересно е што тој со два метри и три сантиметри беше највисокиот играч кој се натпреварува во оваа категорија на е-спорт.
Нимка од турнирот и победата
https://www.youtube.com/watch?v=UhQmAfzaw7c&t=3s




