Бесконечна војна
Автор: Јанко Илковски   Објавено на
share

 

Бесконечна војна

Не е лесно дури ни да си обичен гледач, а камо ли учесник во оваа војна. Танос не е видлив и присутен воопшто, туку обскурен, само го чувствуваме неговото делување. Со голем Титан се боревме.

Морам да признам, неговиот калкулатнски однос и неранимајковците кои ни ги праќаше делуваа небаре кожата ќе ни ја одерат, но ниту метак у чело, ниту бавно варење во казанот. Изиграа маестрално голема игра. И ако се потрудиле вака прецизно и хируршки да НЕ ИЗРАБОТАТ НАС, МОЖЕ САМО ДА Е КОМПЛИМЕНТ. Претпоставувам дека можело и поeлегантно сево ова со Македонија да се реши, но не, играле онака како мислеле дека мора да се игра, стратегија долга со децении, само во синергија со сите глобални движења и случувања. Затоа народот пак пропати од катастрофално лоши аналитичари кои годиниве и најбенигни работи промашија, а камо ли согледување на геостратегијата која може да биде многу сложена, но и болно едноставна во исто време, за разбирање. Нејсе.

Танос дури и не дојде и не кликна со прстите, сеуште сме тука, гневни и чемерни, бидејќи има многу народ кој е уплашен и загрижен за егзистенцијата на народот и земјата и тоа е добро, најлошо ќе беше да имаше летаргичен или меланхоличен однос кон овие прашања. Најверојатно тоа е последица на нашиот атавизам кој сме го развиле до совршено избрусен одбранбен механизам. Жално е што сфаќаме дека немаме автентична политика… Но, кој ја има, која земја, искрено? Ниедна земја не прави ништо без некаква коресподенција, претходен договор, назначени стратегиски намери. Нам, кои се чуствуваме ситни во таа игра најголем двигател ни е стравот, страв за голата егзистенција, опстанокот на народот, верата, земјата … а стравот е најмоќното оружје кое го користеа на неверојатно суптилен начин откако на пар пати, последно во Диво Насеље, ни дадоа „a shape of things to come“ и тука неодоливо ми се надоврзува Roy Batty: Quite an experience to live in fear, isn’t it? That’s what it is to be a slave – Какво само искуство е да живееш во страв, така изгледа да си роб (во слободен превод).

За да можеме да делуваме слободно, наместо да ги преџвакуваме анализите што било , што можело да биде и кој како направил и како треба, да се фокусираме што сега? Што потоа? Како понатаму? И пак, очајната елковенција, ај да не алудирам на интелигенција, оти претпоставувам деке е неиформираност на елитата аналитичарска која повеќе е „wаnnabe“ одошто сериозни пренесувачи на час по политичка анатомија. Но, за жал, такви и во регионов на прсти се бројат.

И ова, за да се надмине стравот, мора првин да се сподели. Јас тоа го правам на ТВ, мрежите, секој да се изнакаже се што му лежи, дури и од најмрачните и најапсурдните тези да излезат и се артикулираат, само така може да се надмине стравот. Еве, јас не се плашам? Зошто? Бидејќи знам нешто што вие не знаете? Бидејќи го знам патот што не води напред? Не! Јас искрено не се плашам затоа што го гледам патот зад нас. Бројни непријатели се обидувале да не’ сотрат и денес истото го прават, но сеуште сме тука! Сеуште не’ има. И се’ додека има здрава мисла во мојата глава и љубов која ќе ме води во моето срце, до последниот здив ќе се борам за себе, за моето семејство, за моите блсики, за мојата земја. По подвигот на нашите Свети Отци и револуционери знам дека имало тешки времиња и допрва не’ очекуваат уште потешки, но знам дека ќе издржиме и ќе успееме. Од нас не се бара пушка, туку здрав разум, рационално согледување на работите и делување во таа насока. Само така ќе успееме и опстанеме, колку и да звучи ова како парафраза на говорот на Морфеус во „Матрикс Релоадед“ пред уплашената толпа во пештерата.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани