"Истоштен сум од робување на нешто или на некого" Александар Шмеман
  Објавено на
share

 "Истоштен сум од робување на нешто или на некого" Александар Шмеман 

 

"Истоштен сум од робување на нешто или на некого, како што се случува насекаде околу нас. Истоштен сум од идолопоклонство, кое толку често ликува во Црквата.

Побуната против Црквата секогаш евтина, подеднакво е погрешна исто како востанието, или духовно секташтво со својот лажен патос, сладуњавост, самозадоволство, тесноградост. Зборувам со целосна одговорност дека Црквата за мене била повисока од било што друго, дека е една несомнена и неоткриена - не авторитет туку Светлост. Сè живее во таа Светлост; сè е таа Светлост! Црквата во својата суштина, во својата светлост не смее да се ограничува, туку да се шири и да се отвора; не смее да потчинува, туку да ослободува.

Суштината на Црквата, таа Светлост, е нашиот живот. Луѓето кои одат во црква - како да го кажам тоа - не сакаат да и бидат верни на Црквата. Тие сакаат Црквата да им биде верна ним, да ги задоволи нивните потреби, така што тие кои ја сакаат суштината на Црквата, мораат да патат поради Црквата. Во животот на модернистите" (и подоцнежниот Тајлар д Шарден) она што е интересно е нивното, заминување“. Да отидеш значи да изневериш. Тоа е глупаво, тоа е духовна,,вулгарност"; додека верноста е крст и победа. Патиме поради неразбирање, осаменост, чувствување дека околу нас е ѕид.

Победата доаѓа од постепеното растење, јасниот доказ одвнатре дека ова е Христијанство. Затоа книгите за овие луѓе, одамна мртви сега заборавени, толку ме вознемирија. „Тогаш сите ученици Го оставија и се разбегаа" (Матеј.26,56). Мислам дека секој човек кој верува во Христа мора да помине низ тоа; тоа е проверка на неговото сведочење."
отец Александар Шмеман ( од Дневникот )



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани