Казахстан - Претседателот даде наредба да се пука со боева муниција без предупредување, употребата на смртоносна сила во целата земја!
  Објавено на
share

Казахстан - Претседателот даде наредба да се пука со боева муниција без предупредување, употребата на смртоносна сила во целата земја! 

Казахстанскиот претседател Касим-Џомарт Токаев изјави дека им наредил на безбедносните сили да пукаат без предупредување, јави Би-би-си.

Тоа е реакција на протестите кои неодамна избија во Алмати, најголемиот град во земјата, поради поскапувањето на енергенсите.

Би-би-си наведува дека и натаму се слушаат истрели во близина на главниот плоштад во Алмати.

 

 

Токаев додаде дека „20.000 бандити го нападнале главниот град“ и демонстрантите ги нарече „терористи“, иако не постојат докази за тоа.

Министерството за внатрешни работи на Казахстан соопшти дека во протестите биле убиени 26 „вооружени криминалци“ и 18 припадници на безбедносните сили.

Претседателот во обраќањето до јавноста отфрли секаква можност за преговарање со демонстрантите. „Какви преговори може да се водат со криминалци и убијци?“, запраша тој.

„Мораме да се справиме со вооружени и добро опремени бандити, локални и од надвор. Да бидам попрецизен, тоа се терористи. Мораме да ги уништиме и тоа ќе биде сторено брзо“, нагласи тој додавајќи дека мировни сили од Русија и соседните земји се дојдени во Казахстан привремено и на негово барање со цел да се обезбеди мирот.

Вакво насилство е невидено во земјата со која од советско време цврсто владее лидерот Нурсултан Назарбаев, чии политики продолжија и покрај тоа што се повлече од претседателската функција пред три години, со Токаев како негов наследник.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани