Полнењето на електричните автомобили ќе трае исто колку и полнењето гориво? Истражувањето е во тек
  Објавено на
share

 Полнењето на електричните автомобили ќе трае исто колку и полнењето гориво? Истражувањето е во тек

16,339 Electric Vehicle Charging Station Stock Photos, Pictures &  Royalty-Free Images - iStock

Научниците од Универзитетот Пердју (Индијана, САД) и експертите на Ford развиваат технологијата за зголемување на брзината на полнење на електричните возила, со брзина на полнење гориво кај обичен автомобил

Истражувачите од Пердју се фокусираат на алтернативен метод за ладење на каблите за полнење за да се пренесе струја со поголема моќност. Во развиениот метод, линијата би се наполнила со течност која во текот на полнењето би ја променила својата агрегатна состојба во гасовита, што би довело до поефикасно ладење.

Благодарение на таквото решение, како и технолошкиот напредок поврзан со станиците за полнење, во иднина би можело електричните автомобили да се полнат со иста брзина како што сега се полнат обичните автомобили со гориво.

Концептот на ова решение е резултат на анализа на пречките за постигнување поголеми брзини, предводени од тимот на Ford, како и знаењето на научниците од Универзитетот Пердју.

 

Партнерството Ford-Purdue е едно од стотиците стратешки сојузи што компанијата ги има направено со универзитетски професори ширум светот.

Кабелот за брзо полнење нема да се појави на пазарот додека не завршат истражувањето и развојот. Во следните две години ќе започне тестирање на прототип на кабел за полнење, што ќе овозможи усовршување на параметрите за брзината на полнење за некои модели на електрични возила.

Извор: Додај Гас




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани