Експлозија во најголемата македонска хидроцентрала „Вруток“, производството на струја е прекинато
  Објавено на
share

Експлозија во најголемата македонска хидроцентрала „Вруток“, производството на струја е прекинато

Ocигурувач е причината за експлозиjaта во ХЕЦ Вруток | iNFOMAX.mk

Експлозија се случила попладнево во хидроелектраната Вруток, по што таа е надвор од функција и не произведува струја, објави Фактор.

 

Станува збор за најголемата хидроелектрична централа во Македонија, со моќност од 150 мегавати. Таа е дел од Мавровскиот систем на АД Електрани на Северна Македонија, заедно со ХЕЦ Равен и ХЕЦ Врбен.

 

По проблемите со производството на струја во РЕК Битола, каде што се прават напори да проработат два блока и изминатиот период имаше пожар и пукање на цевка, сега проблеми се случуваат и во хидропотенцијалот.

Се очекуваат повеќе детали за инцидентот од АД ЕСМ. Хидроелектраните според актуелната состојба на акумулациите, имаат потенцијал од само околу 10 отсто.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани