Мери Акиевска освои 4 медали!!! Апсолутен светски шампион во бодибилдинг.
Објавено на
Мери Акиевска освои 4 медали!!!
Четири пати ечеше химната на Македонија, Акиевска стана апсолутен светски шампион во бодибилдинг

Македонската бодибилдинг репрезентација забележа огромен успех на 75-тото Светско првенство во бодибилдинг и фитнес, за мажи-жени, јуниори и сениори во Санта Сузана во Шпанија.
На овој собир, на кој учествуваа 102 земји од целиот свет и повеќе од 1.500 натпреварувачи, боите на Македонија ги бранеа Мери Акиевска и Петар Богдановски. Во силна конкуренција, Мери Акиевска постигна неверојатен успех, победувајќи во својата категорија до 163 сантиметри кај јуниорите и сениорите, но успеа да стане и апсолутен победник и во двете категории, победувајќи ги шампионите од другите висински категории.


КОМЕНТАРИ