ИЗБЕГНАТ ГОЛЕМ СКАНДАЛ, ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО ВАРХЕJИ ПРЕСУДЕН Затворот во Шутка сепак го пушти поранешниот еврокомесар Фигел да влезе кај Камчев
  Објавено на
share

ИЗБЕГНАТ ГОЛЕМ СКАНДАЛ, ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО ВАРХЕJИ ПРЕСУДЕН

Затворот во Шутка сепак го пушти поранешниот еврокомесар Фигел да влезе кај Камчев

Непријатно изненаден од затворските власти, Фигел зборувал со министерот за правда Бојан Маричиќ, а потоа и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеjи, по што добил дозвола да го посети Јордан Камчев во КПУ Скопје.

 

Поранешниот еврокомесар и специјален пратеник за човекови права Јан Фигел, кому денеска затворскиот менаџмент не му дозволил да влезе во КПУ Скопје, откако побарал дозвола за посета на ќелијата на бизнисменот Јордан Камчев, сепак успеал во својата намера, дознава Плусинфо.

Непријатно изненаден од затворските власти, Фигел зборувал со министерот за правда Бојан Маричиќ, а потоа и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој денеска е во Скопје. Дури по телефонскиот разговор со Вархеји, дипломатот Фигел добил дозвола да го посети Камчев.

– Има надеж дека конечно судот и затворските власти ќе застанат на страната на законот и на правдата – изјави претставник на одбраната на Камчев, кусо по настанот.

Како се случило поранешниот еврокомесар да биде одбиен да влезе во затворот во Шуто Оризари, да се сретне со притвореникот Камчев и да ги види контроверзните ќелии за кои се зборува долго време?

Уредно, од Кривичниот суд, било побарано поранешниот еврокомесар и специјален пратеник за човекови права Јан Фигел да влезе во КПУ Скопје и да ја посети и ќелијата на бизнисменот Јордан Камчев. Сакал директно да се запознае со случајот кој отвора многу прашања за владеење на правото и правдата во Македонија.

Според добро упатени извори, поранешниот еврокомесар бил одбиен без конкретно образложение, со конфузен одговор на неговото барање од страна на судијата Илија Трпков и со нејасни објаснувања од страна на одговорните лица пред вратите на КПУ Скопје. Фигел, заедно со адвокатот на Камчев, Тони Менкиноски не добиле образложение зошто неговото барање за посета е одбиено и зошто, како што вели тој во неговата изјава, имало пинг-понг меѓу институциите во државата.

Јан Фигел во своето искуство вбројува и директна вклученост и работење на случаи со политички затвореници во Иран, Куба, Судан и Пакистан. Тој ќе го мониторира и случајот на бизнисменот Камчев.

 

 


 

 

Понижен, навреден, ама упорен: Јан Фигел




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани