На социјалните мрежи вирално стана видео во кое, како што се наведува лозари масовного истураат непродаденото грозје, незадоволни од неисполнувањето на ветувањата дека ќе родот ќе им биде откупуван во целост и по чесни цени.
Очигледно незадоволни од цената на грозјето, лозарите од Кавадарци и околината, по неуспешнте преговори со компанијата, денеска го истураа родот пред капијата на Тиквеш.
Пред три седмици Здружението „Напредни лозари” соопшти дека ги замрзнува своите активности. Неговата последна препорака, упатена до производителите, е дека годинава, посебно поради сушата, ниту еден грозд смедеревка не смее да биде откупен под 20 денари, вранец под 25 денари, а асталско и високосортно грозје под 30 денари.
Инаку, во текот на претходната година беше извршен откупот на грозје по историски најниски цени со срамни 2 до 3 денари по килограм грозје беа дадени од страна на винариите.
ЛИНК ОД ВИДЕОТО
https://www.facebook.com/goran.kimov1/videos/601327421234200/?t=0