Унгарија го забрани „промовирањето“ на хомосексуалноста, Орбан тврди: мислиме на децата
  Објавено на
share

 

Унгарија го забрани „промовирањето“ на хомосексуалноста, Орбан тврди: мислиме на децата

 

Унгарија денеска го усвои контроверзниот законски амандман со кој се забранува „промовирањето“ на хомосексуалноста кај малолетните лица, а активистите за човекови права го оценија како нов удар на конзервативната влада на премиерот Виктор Орбан врз правата на ЛГБТ заедницата.

Илјадници лица синоќа излегоа на улиците на Будимпешта во знак на протест против „континуираната пропаганда“ на владата против ЛГБТ заедницата.

WORLD CONGRESS OF FAMILIES LEADERSHIP MEMO – St. Lucia Conference, Sydney  Family Festival, ADF Chicago Banquet – IOF

Амандманот на законот е усвоен со 157 гласа, вклучувајќи ги и оние од владеачката партија Фидес, на седницата која директно беше емитувана на телевизија. Опозицијата го бојкотираше гласањето, освен крајнодесничарската партија Joбик, која му се спротивставува на Орбан, но денеска гласаше „за“ овој закон.

„Порнографијата и содржината што ја прикажуваат сексуалноста или промовираат девијации на идентитетот од овој вид, промена на полот и хомосексуалноста, не смеат да бидат ставени на располагање на лица на возраст под 18 години“, се наведува во документот, додавајќи дека тој има за цел да ги „заштити правата на децата“.

Во пракса, тоа ќе значи дека веќе нема да бидат дозволени едукативни програми или реклами кои изразуваат поддршка за сексуалните малцинства, како што беше оној на Кока-Кола од 2019 година, кој претставуваше неколку мажи и поттикна повици на бојкот од екстремните десничари. Забранети ќе бидат и книгите кои „ја промовираат“ хомосексуалноста, а во законот не се назначени критериумите според кои некоја содржина ќе се смета за „промовирање“.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани