Направен најголемиот PS5 од 2 метри и 220 килограми!!!
  Објавено на
share

Најголемиот PS5 од 220 килограми!!! 

 

Додека вие 'лцнувате и си ги јадете јајцата, газот и другите органи од ликсурлук што не можете да имате плејстејшн 5, дечково не аздисал, туку збеснал, само колку да се осетите колку сте јадни, бедни и мизерни.

Резултат со слика за I Spent 100 Hours Customizing The World's Largest PS5 ($70,000)

Милиони гејмери ширум светот мака мачат и пробуваат да го набават својот PlayStation 5, додека пак YouTube влогерот стигна до единствен примерок на конзолата

Дека гејминг конзолите PlayStation се меѓу најпопуларните на светот на сите им е јасно. Секоја генерација на конзолата на Sony се продава во десетина милиони примероци, а последната петта генерација и натаму е тешко да се набави.

Додека светот се обидува да ја купи „нормалната“ PlayStation 5 конзола, еден YouTube влогер успеа да добие огромен PS5 со висина од три метри и тежина од 227 килограми. Оваа конзола е целосно функционална, односно може да се играат игри како и на „обичната“ конзола.

Дека тоа е уникатен примерок и единствен таков во светот потврдија од Гинисовата книга на рекорди.

https://www.youtube.com/watch?v=gEMg5dOUk7Q&feature=emb_logo

 

Резултат со слика за I Spent 100 Hours Customizing The World's Largest PS5 ($70,000)

 

Сепак, овој примерок на PS5 чини 70 илјади долари, а негов сопственик веќе е познатиот YouTube влогер ZHC.

Тој сепак не беше задоволен од изгледот на конзолата, па заедно со своите пријатели помина 100 часа „доработувајќи го дизајнот“ и натпреварувајќи се кој подобро ќе ја украси конзолата.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани