ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА!
  Објавено на
share

 ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА!

Германскиот трговски синџир Лидл доаѓа во Македонија

Германскиот трговски синџир Лидл доаѓа во Македонија. Лидл ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала. Една од најголемите компании во малопродажбата во светот во петокот ја регистрираше подружницата со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра, објави вчера Централен регистар.

Инаку, во моментов „Лидл“ има 100 продавници во Бугарија на 49 локации и вработува 3.000 работници, а има експанзионистички план за оваа година за отварање на уште пет маркети и вработување на уште 250 луѓе. Нето-профитот за 2019 во Бугарија бил 41,25 милиони евра.

„Лидл“ во  Србија е присутен од 2018 година и до сега има вкупно 41 објект. Во Хрватска работи од 2006 година. Трговскиот синџир оперира во 30-тина земји во Европа, со околу 11.000 продавници, а присутен е и во САД. „Лидл“ секој ден опслужува по околу 10 милиони купувачи.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани