Кина го забрани Би-Би-Си поради „лажни вести“ за претседателот Ксинџијанг, и за корона вирусот.
  Објавено на
share

 

Кина го забрани Би-Би-Си поради „лажни вести“ за претседателот Ксинџијанг, и за корона вирусот.

 

Кинеските власти во четвртокот ја забранија Би-Би-Си, обвинувајќи го британскиот радиодифузер дека не е „фактички и фер“, се вели во владиното соопштение.

Одлуката е резултат на „мноштво фалсификувани извештаи“ за прашања, вклучително и во регионот Ксинџијанг и начинот на кој Кина се справува со корона вирусот, соопштија државнииот медиум „Глобал тајмс“, додавајќи дека „лажните вести“ не се толерираат во Кина.

Серијата известувања на Би-Би-Си за логорите во Ксинџијанг, присилната работа и неодамна за систематското силување на муслимански жени ги разбесни властите во Пекинг.

Би-Би-Си не е достапен во повеќето кинески домаќинства, па забраната сугерира дека повеќе нема да се емитува на ниту еден простор, како што се хотели.

„Разочарани сме што кинеските власти одлучија да преземат ваков тек. Би-Би-Си е најдоверливиот меѓународен радиодифузер во светот и известува за стории од целиот свет фер, непристрасно и без страв и благонаклоност“, се вели во соопштението на Би-Би-Си.

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Раб, го нарече тоа како „неприфатливо ограничување на слободата на медиумите“.

„Кина има некои од најтешките ограничувања на медиумските слободи и слободи на интернет низ целиот свет и овој последен чекор само ќе го наруши угледот на Кина во очите на светот“, напиша Раб на Твитер.

Потегот на Пекинг се случи една недела откако Велика Британија го забрани кинескииот државен канал ЦГТН поради неговите врски со Комунистичката партија.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани