Лавров - СПРЕМНИ СМЕ ЗА ПРЕКИН ЗА ОДНОСИТЕ СО ЕУ! РАБОТИМЕ ЗА МИР, НО СЕ СПРЕМАМЕ ЗА ВОЈНА!
  Објавено на
share

 

Лавров -  СПРЕМНИ СМЕ ЗА ПРЕКИН ЗА ОДНОСИТЕ СО ЕУ! РАБОТИМЕ ЗА МИР, НО СЕ СПРЕМАМЕ ЗА ВОЈНА!

 
 
 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија е подготвена да ги прекине односите со Европската унија.

Односите со ЕУ можат да бидат прекинати доколку Брисел воведе санкции што се ризични за чувствителните сфери на економијата, изјави Лавров.

„Нашата почетна точка е дека сме подготвени за тој чекор во случај да забележиме, како што можевме да видиме во неколку наврати порано, дека се подготвуваат санкции што ќе создадат ризик за нашата економија“, посочи тој.

Лавров изјави дека Русија не сака да се изолира од светот, но дека е потребно да биде подготвена за најлошото можно сценарио. Како што рече: „Ако сакате мир, подгответе се за војна“.

Претходно, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, по посетата на Москва, изјави дека Европската унија и Русија се наоѓаат во историска пресвртница на прашањето за меѓусебните односи.

Борел тогаш откри дека во одредени моменти имал многу напнати разговори со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и оцени дека состанокот и некои пораки од руски официјални лица покажале дека Европа и Русија се оддалечуваат.

„Изборот што ќе го направиме ќе ја одреди меѓународната динамика на моќта во овој век: дали ЕУ ќе тргне кон посоработка или поларизиран модел во односите со Русија, дали ќе се заснова на отворени или затворени општества“, рече Борел во неговиот извештај до Европскиот парламент.во врска со неговата посета во Русија од 4 до 6 Февруари.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани