Ковид-пасошите нова реалност од март?
  Објавено на
share

 

Ковид-пасошите нова реалност од март?

Наскоро влегувањето во авион ќе биде можно само со пропусница. Првиот ковид-пасош се очекува најпрво да започнат да го користат големите авиокомпании.

    

 

Amsterdam Schiphol | Erstflug Corendon nach Coronapause

 

Пандемијата го смени нашето секојдневие, особено плановите за патување. Дали некогаш сте помислувале дека покрај стандардниот, ќе мора со себе да носите уште еден ковид-пасош? Ваквиот концепт се споменува уште од самиот почеток на пандемијата како решение за нормализирање на туристичката индустрија. Најавите се дека тој би можел веќе за два месеци да стане реалност. Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) најави дека употребата на нивните дигитални пропусници треба да започне во март. Првиот ковид-пасош се очекува најпрво да започнат да го користат големите авиокомпании. Станува збор за мобилна апликација која ќе содржи информации за патниците поврзани со направени тестови за Ковид-19 или пак за вакцинација. 
Се тврди дека апликацијата обезбедува поголема безбедност и ефикасност од печатените, т.е. хартиени документи. ИАТА посочува дека нивните тимови работат на проектот во 12- часовни смени со цел да се заврши што е можно побрзо. На овој начин, ќе се решат најголемите проблеми на авионската индустрија предизвикани од сегашната пандемија. 

Кои се предностите?

Брзиот развој на апликацијата може делумно да се припише на постојната технологија, вклучувајќи ја и апликацијата за бесконтактна идентификација. Оваа апликација е развиена од ИАТА пред пандемијата во партнерство со компанијата Evernym, која се занимава со решенија за дигитална идентификација. Надежите се дека оваа апликација би можела да го реши и проблемот со недостиг на персонал на аеродромите. Во моментов, авиокомпанијата, која работи со околу 10% капацитет, користи 100% од својот персонал за да ги верифицира потврдите за тестирање за Ковид-19. Затоа се смета дека користењето на апликацијата може да се тргне товарот од аеродромите и од персоналот, бидејќи патниците ќе доаѓаат со проверена и подготвена документација. 


Најголем дел од аеродромите низ светот зјаат празни поради пандемијата.

Чувствителна тема

Лидерите на ЕУ на вонреден состанок на Европскиот совет на 21 јануари ќе разговараат и за воведувањето на т.н корона-пасоши, најавија од Европската комисија. „Важно е да се види кои би биле потенцијалните права на луѓето кои би ги имале тие пасоши, но исто така и правата на оние кои немаат такви пасоши. Ова е многу чувствителна дебата што мора да се одржи меѓу лидерите на ЕУ за време на видео конференција во четврток", изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамар. 
Дебатата за корона-пасошите ќе се најде на агендата на состанокот на лидерите на ЕУ, откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, побара воведување на „сертификат за вакцинација“, за вакцинираните лица да можат слободно да патуваат. Мицотакис и напиша писмо на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен да побара воведување документ за вакцинираност против коронавирусот што ќе го олесни патувањето меѓу земјите членки во Унијата. „Мора итно да се донесе заеднички став за тоа како треба да се структурира потврдата за вакцинираност, така што да биде прифатена во сите земји-членки“, рече Мицотакис. Романскиот претседател Клаус Јоханис, пак, ја критикува идејата да се користи сертификат за вакцинација против Ковид-19 за да се олесни патувањето на европските граѓани, посочувајќи ја можноста за дискриминација.

 

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вели дека „не ја исклучува“ можноста за воведување вакви сертификати и дека по тој повод веќе имал неформални разговори со лидерите на ЕУ. Тој вели дека би морало да се воспостави европско единство за тоа дали воопшто ќе се воведува таков документ и кога. „Повеќе луѓе би морале да бидат вакцинирани пред да стане применливо. Ако би се применил прерано, тоа би предизвикало голема фрустрација во Европа“, порача Мишел гостувајќи на холандска телевизија.
Во ЕУ оценуваат дека станува збор за „многу чувствителна тема“ која мора да се согледа и од правен аспект. „Оваа тема е чувствителна во многу европски земји, бидејќи некои од нив ќе имаат мислење дека со таква потврда сме одлучиле дека вакцинацијата е задолжителна, а во многу земји сметаат дека е подобро ако вакцинацијата остане доброволна. Мораме да се обидеме што повеќе да изградиме европско единство и за вакви тешки прашања“, вели Мишел. Од Брисел напоменуваат дека не се очекува носење на одлука за „корона пасошите“, туку само политичка дебата.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани