Забраната на движење доколку не се носи заштитна маска - е спротивна на Уставот. Таа ги ограничува основните права и слободи на човекот, решија уставните судии
  Објавено на
share

 Забраната на движење доколку не се носи заштитна маска - е спротивна на Уставот.

Таа ги ограничува основните права и слободи на човекот, решија уставните судии.

 
Уставниот суд на Босна и Херцеговина денеска одржа седница по електронски пат на која е донесена одлука дека мерката ограничено движење и носење маски за време на пандемија на коронавирус претставува кршење на основните човекови права.
 
Донесени се неколку одлуки, а најрелевантно за јавноста во БиХ е дека одлуките на Кризниот штаб на ФБиХ за забрана за движење и задолжително носење заштитни маски се „мешање во основните човекови права и слободи загарантирани со Уставот на БиХ и Европската конвенција за човекови права“.
 
„Во конкретниов случај, станува збор за кршење на правото на приватен живот и слободата на движење, кои се сторени со наредби на тесни сегменти на извршната власт за задолжително носење заштитни маски и ограничување на движењето, кризни штабови на министерствата за здравство“, соопшти Уставниот суд.
 
Исто така, се наведува дека одлуката на Кризниот штаб на Министерствата за здравство на ФБиХ претставува кршење на овие човекови права, имајќи предвид дека „немаше активно учество во усвојувањето и прегледувањето на нарачаните мерки од највисоките законодавни и извршни органи“.
 
Мерката за забрана за движење по 11 до 5 часот беше воведена на 10 ноември поради зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирусот, а потоа следуваа мерки за задолжително носење маски во затворено и надвор.
 
По усвојувањето на мерките, адвокатите од Сараево испратија жалба до Уставниот суд на БиХ и ги замолија да ги преиспитаат донесените мерки, како и да ја откажат мерката на Кризниот штаб на Сојузното Министерство за здравство до конечната одлука.



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани