Новиот мутиран вирус на ковид 19 е поотпорен на вакцината!
  Објавено на
share

Новиот мутиран вирус на ковид 19 е поотпорен на вакцината! 

 

Во Данска, откриена е нова, мутирана верзија на коронавирусот во повеќе од 1.600 примероци.

Дански експерти од Државниот институт за серум изразија загриженост за откривањето на нов вид на вирус наречен N439K, бидејќи се покажа дека може да биде помалку чувствителен на вакцината.

„Важно е да се следи како се шири оваа варијанта на вирусот корона и да се утврди дали ширењето е изразено во најризичните групи“, рече Тира Гроув Краузе од данскиот институт.

Таа спомена дека овој вид на вирус нема никаква врска со варијантата што неодамна беше откриена во Велика Британија, но и со видот што беше откриен на почетокот на оваа година во канадски куни кои се одгледуваат во Данска, објави сајтот EN 24.

Според податоците на данскиот институт, N439K е откриен во мај во Романија, но во моментов најчесто се наоѓа во Ирска, Чешка, Швајцарија и Англија, иако бил откриен и во Австралија и Нов Зеланд.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани