Фитнес за носот, како да се врати мирисот по Covid-19
  Објавено на
share

 

Фитнес за носот, како да се врати мирисот по Covid-19

 

Според процените на научниците, околу 70 отсто од пациентите губењето на чувството за мирис го набројуваат како еден од карактеристичните симптоми за Covid-19, што вообичаено се манифестира во раната фаза од заболувањето.

Како што закренувале, сетилото кај повеќемина се враќало, но околу еден од пет пацинети и натаму имале проблем со мирисот уште месец или два, па научниците се обидуваат да најдат лекови, а исто така и да развијат специјални техники за „обука на мирисот“, и притоа се покажало дека нарушувањата на сетилата за мирис и вкус не се толку безопасни.

 

Неврони на мирисот

При вирусни инфекции, губењето на мирисот не е невообичаена појава. Постојат докази дека покрај при заразата со SARS-CoV-2, тоа го предизвикуваат и други хумани коронавируси, риновируси, вирусите на грипот и вирусите на херпесот од сојот Епштејн-Бар.

Поради тоа, научниците очекувано, во прв ред, разгледувале препарати добро докажани при лекување на постзаразната мирисна дисфункција предизикана од други типови вируси: системски и локални стероиди, антиинфламаторни спрејови за нос, натриум-цитрат и нестероидни орални лекови, односно витамини и антиоксиданти. Исто така, биле разгледувани и немемедикаментозни методи, особено ткн тренирање на сетилото за мирис.

Големата студија на европски научнции во три универзитетски болници во Белгија покажала дека натриумовиот-цитрат и вежбањето се најефикасни при губењето на мирисот поврзано со Covid-19, но спрејовите за нос, перодалните стероиди или назалното навлажнување не помагаат. Можно е, истакнуваат авторите на истражувањето, механизмот на аносмија (целосно губење на мирисот), да е посебно при коронавирусната инфекција. Хистопатолошките податоци укажуваат дека SARS-CoV-2 ја зафаќа „мирисната сијаличка“ (нервната струкура) преку невроепителумот на мирсната пукнатина и преку неа влегува во централнот нервен систем.

Се покажало дека натриум-цитратот има добар ефект при лекувањето на мирисната дисфункција, предизвикана од вирусот на грип. Научниците претпосавуваат дека губењето на чувството за мирис може да се должи на фактот што во крвните садови кои ја хранат глијата – клетки на микросредината на невроните одговорни за мирисот, при вирусна инфекција, се формираат клациумови микротромби.

Натриум-цитратот, солта на лимонската киселина, имено ги раствора микрокристалите на калциум во садовите, го исфрла од слузта во носот и садовите се обновуваат. Авторите на оваа хипотеза спровеле рандом контролирано кличничко истражување на натриум-цитратот и добиле позитивни резулати.

 

Тренирање на мирисот

Со цел да се врати чувството за мириси кај погодените од коронавирусот, лекарите препорачуваат и „обука“ на системот за мириси, всушност повторно сетилото да се научи да прави разлика меѓу мирисите. Станува збор за практика при лекување на нарушувањата на мирисот во отоларинголошките клиники.

Една од методите се заснова на способнота на мозокот да го надомести оштетувањето на епителот во мирисниот тракт. Нучниците од ЕУ ја тестирале оваа метода во Техничкиот универзитет во Дрезден на 153 пациенти со целосно или делумно губење на чувството за мириси. Неколку месеци по двапати дневно пациентите по 15 секунди вдишувале најмалку четири различни мириси и се обидувале да ги запомнат. Комплетот за обука вклучувал еднокомпонентни мириси, како на анис, роза, каранфилче, лимон, лаванда, мед, јагода, мајчина душица, еукалиптус и чоколада, како и мешавини со една доминантна нота.

Нуачниците ја проценила квантитавната чувствителност на мирисите на почетокот на истражувањето и шест месеци по обуката, а потоа ја споредиле со контролната група. Се покажало дека „обуката“ предизвикува обновување на мирисните патеки формирани од веригите неврони. Методата се покажала како најефикасна кај постарата возрасна група и кај пациентите со сериозно нарушување на мирусот.

 

Психолошки проблеми

Неодамна британските научници покажаа дека продолженото отсуство на чувството за мирис може да доведе до емоционален стрес, па дури и до ментални нарушувања. Во ваквата студија учествувале околу 9.000 членови на групата Facebook COVID-19 Smell and Taste Loss, која ја креираа добротворната организација AbScent, Британското здружение на хурурзите за уво, нос и грло (ENT) и здружението на британските ринолози.

Во почетокот ги аналиризале објавите и коментарте на сите учесници на споменатата група на Facebook, а потоа ги замолиле да ги изложат своите лични искуства. Се покажало дека губењето на чувствата за мирис и за вкус во голема мера влијаело врз севкупниот квалитет на нивното живеење и на психолошката благосостојба на луѓето коишто биле изложени на Covid-19.

Повеќето испитаници пријавиле дека имаат тешкотии со препознавњето и разликувањето на мирисот и вкусот. Најтешката работа за многумина бил самиот факт на исчезнување на познатите сензации. Луѓето ја опишале состојбата како „невидлива болест“ што во голема мера ги променила нивните животи. Како што забележале повеќето, тешко е да се објасни што се случува кога ќе се загуби чувството за мирис и за вкус, многумина од нив чувствувале недостаток од сочувство и поддршка од блиските, за кои овие симптоми изгледале незначителни. Тука ни медицината не можела да помогне.

Тие особено се жалеле дека храната повеќе не им претставува задоволство. Прехранбените навики често се менувале, се појавила апатичност во врска со храната, а како резултат на тоа многумина загубиле од телесната тежина, додека други, пак, напротив почнале да се потпираат на нездравата храна. Бидејќи заедничкиот трпеза е важен секојдневен ритуал и фактор за зајакнување на социјалните врски, некои имале проблеми со семејството и пријателите.

Мирисот, имено, е едно од главните сетила кои го поврзуваат човекот со околината, со другите луѓе и со сопственото тело. Авторите на студијата откриле дека сите пациенти со нарушување на чувствата за мирис и за вкус почнале да дожувуваат чувство на осаменост, социјална и лична одвоеност и нереалност за она што се случува околу нив. Овие луѓе се чувствувале како да го гледаат светот однадвор.

Друг важен аспект кој се издвоил при ова истражување е загриженоста поради неможноста да се почувствува мирусот на чад и други токсични мириси, што може да доведе навремено да не се препознае опасна ситуација.

netpres

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани