СЕКОЈ ТРЕТ ВО БОЛНИЦА УМИРА
  Објавено на
share

 ПРЕНСЕНО ОД ФЕЈЗБУК

(Обновено) Разболувањето од ковид-19 треба да се сфати сериозно. Од една страна, од вкупниот број на дијагностицирани пред 14 дена умреле 3,50%. Од друга страна пак, од сите коишто влегле во болниците пред 14 дена (просечното време на болничко лекување) до денес умреле вртоглави 33,1%! Поточно, од сите дијагностицирани пред 14 дена 10,0% стигнале до болница, а од тие коишто влегле во болница 33,1% (секој трет) починале.
Просечниот временски интервал од хоспитализирањето до смртниот исход (14 дена) го утврдуваме по графоаналитички пат, на втората слика, мерејќи го временскиот интервал меѓу преломните точки на вкупниот број на хоспитализирани и починати.
Затоа, за да избегнете влегување во болница, најсигурниот начин е - воопшто да не се разболите.
Во меѓувреме нашите здравствени власти ги прошируваат болничките капацитети (каде што ќе умира секој трет), наместо да го сопрат разболувањето, страдањето и умирањето. Ама ете, процениле дека лекувањето и умирањето биле поевтината варијанта. А народ како народ, им верува, па дури и се радува што не мора да се лишува од довчерашните хедонистички навики и мисли дека умирањето им се случува само на некои други.
Забелешка: treker.mk сите починати ги смета за починати во болнички услови, што малку ја поткрева стапката на болнички леталитет. Проценето е дека само 5% од починатите умреле во вонболнички услови, што е земено во предвид во пресметката.
Тука да споменеме уште еден загрижувачки податок. Од вкупниот број на затворени случаи до денес (5.136) со смртен исход во болнички услови завршиле 1.948 случаи, односно неверојатни 37,9%!
 
Image may contain: text that says '70883 58608 6567 5886 биланс од болничкото лекуваье на ковид-19 B0 македонија заклучно co ден 10.12.2020 год. вкупно случаи до денес вкупно случаи до пред 14 дена вкупно влегле BO болниците влегле до пред 14 дена хоспитализирани денес хоспитализирани пред 14 дена Bo приватни болници критично болни стапка на хоспитал. пред 4 дена затворени случаи смртни исходи излегле здрави 95% од умрените BO бол. услови леталитет, проценет CFR болнички леталитет извори: treker.mk, iph.mk 1431 1378 64 19 10.0% 5136 2051 3085 1948 3.50% 33.1%'
Image may contain: text that says '7000 броеви на вкупно хоспитализирани, оздравени и починати од ковид-19 во македонија 6000 просечен временски интервал од хоспитализираьето до смртниот исход: 14 дена 0 5000 4000 3000 /196; 2000 14 дена 1000 3/16/2020 3/1 6/2020 3/31/2020 4/1 5/2020 4/30/2020 5/15/2020 5/30/2020 4/2020 7/14/2020 7/29/2020 0 8/2/2020 9/12/2020 9/27/2020 10/12/2020 10/27/2020 11/11/2020 11/26/2020 6/29/2020 вкупно хоспитализирани вкупно оздравени вкупно умрени моментално хоспитализирани'



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани