МОСКВА ЈА ОТКАЖА ПРОСЛАВАТА НА НОВА ГОДИНА
  Објавено на
share

МОСКВА ЈА ОТКАЖА ПРОСЛАВАТА НА НОВА ГОДИНА

Пакетот прослави на Божиќ и Нова година годинава ќе биде прескокнат во Москва заради рекордниот број на заразени со коронавирус во последниве недели, соопшти градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Освен забраната за какви било масовни настани, вклучувајќи и божиќни панаѓури и слично, градоначалникот на сите локали кои работат до доцна навечер им нареди да затворат и тоа почнувајќи од овој петок па се до средината на јануари 2021.

„Новата година се уште е далеку, но без разлика очигледно е дека нема да се одржуваат масовни настани,“ објави градоначалникот.

РБЦ кои први ја објавуваат веста, пишуваат и дека агенциите што се занимаваат со организирање на корпоративни настани веќе изгубиле половина од своите вообичаени клиенти за Нова година.

Москва и понатаму останува епицентар на пандемијата во Русија со над 450.000 заразени од вкупно 1,83 милиони болни во земјата.

 

offnet




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани