Пендаровски: Ако не влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик, не ни треба таквата ЕУ
  Објавено на
share

 Пендаровски: Ако не влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик, не ни треба таквата ЕУ

 

Во синоќешното гостување на Топ Тема, Претседателот на државата Стево Пендаровски изјави до овој момент нема добиено ништо, ниту на писмено, ниту вербална информација дека на средбата во Софија на Османи му е пренесен некаков сет на барања, како што информираа дел од медиумите.

„Не е првпат од софиска страна некој да побара политичка декларација или изјава со која ќе дообјасниме некои работи во Договорот од 2017. Има изјава на претседателот Радев со кој бара анекс на тој договор дека наводно не се почитува, или практично нов договор“, вели Пендаровски.

За неговите контакти со бугарскиот претседател Румен Радев вели дека се само на вербални, но не и на друг тип на иницијативи за средба, повикувајќи се на заедничката констатација на последната средба во Ерусалим во февруари, дека додека не видат некаков суштински резултат од мешовитете експерстка комисија, да не се прават посети кои не би дале никаков резултат.

Тој порача и дека е „Вон памет е да се разговара за каква било промена на Устав или анекси и додавања на Договорот, тоа не е потребно“.

Претседателот ја повтори неговата изјава во која вели дека е и цврст државен став, дека ако не влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик не ни треба таквата ЕУ.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани