Над 90 отсто од оздравените од Ковид-19 имаат последици, покажува нова студија
  Објавено на
share

 Над 90 отсто од оздравените од Ковид-19 имаат последици, покажува нова студија


Инфекцијата со коронавирусот предизвикува долгорочни последици кај 91 отсто од пациентите кои закрепнале, а кај некои пациенти таа предизвикува значително оштетување на функцијата на бубрезите, црниот дроб, срцето и мозокот, покажува ново истражување од Јужна Кореја.
 
Бројката од 91 отсто се однесува на луѓето кои пријавиле најмалку една долгорочна компликација од Ковид-19, а новите откритија се резултат на студија спроведена на 965 пациенти кои се излекувале од Ковид-19 во Јужна Кореја.
 
Заморот бил најчест симптом, пријавен кај 26 проценти од пациентите, а тешкотии со концентрацијата биле забележани кај 25 проценти, според Корејската агенција за контрола и превенција на болести (КДЦА).
 
Многу пациенти рекле дека имаат и психолошки проблеми и долгорочно губење на чувството за вкус и мирис, кај некои од нив оваа последица била присутна дури и неколку месеци по завршувањето на болничкото лекување.
 
Треба да се спомене и извештајот на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) од јули, кој покажа дека 35 проценти од испитаните пациенти не закрепнале во целост дури ни две до три недели по позитивниот тест за вирусот, а многумина рекле дека се чувствуваат уморни.
 
Некои експерти веруваат дека болеста може да предизвика синдром на хроничен замор познат како мијалгичен енцефаломиелитис.



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани