Предлог за нови мерки од Филипче (комисијата) до владата - Носење маски за секој секаде, да и на отворено!
  Објавено на
share

Предлог за нови мерки од Филипче (комисијата) до владата - Задолжително носење маски за секој, секаде, дури и на отворено! 

Комисијата за заразни болести денеска до Владата доставила нови предлог мерки, поради зголемениот број на заразени со Ковид-19 во земјата.

– Забрана за групирање во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи. Во едно живеалиште може да се примат најмногу четири луѓе. На семеен настан може да бидат сите кои се со живеалиште на таа адреса, плус најмногу четворица други.

– Се забранува групирање на јавен простор после 22:00 часот на повеќе од четири луѓе. Забрануваме групирање по паркови, безниски пумпи или било каде на отворено на поголема група граѓани

– Задолжително носење на маски или заштитна опрема (бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата), секаде при престој на отворено, затворено во било кои јавни објекти, на работно место, и во јавен и приватен транспорт. Исклучок е при спортување на отворен простор и на затворено со почитување на протоколите за заштита, при транспорт во приватно моторно возило ако сите лица во возилото се од едно семејство или живеат во заедничко домаќинство. При седење во угостителски објект со почитување на протоколите за дистанца и дезинфекција, престој во службени простории – канцеларија ако лицето е само во просторијата. Исклучок од задолжително носење на маска имаат и децата до 6 години, односно до претшколска возраст“

Hong Kong controlled the coronavirus with the help of face masks. Here's  how. - Vox




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани