ВЛОШЕНА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА ДОНАЛД ТРАМП - АПДЕЈТ - ДОБАР Е НИШТО НЕ МУ Е, ГРОМ НЕ ГО БИЕ
  Објавено на
share

 ВЛОШЕНА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА ДОНАЛД ТРАМП

Здравствената состојба на американскиот претседател Доналд Трамп се влошила и кај него се појавиле кашлица и треска, пишува во петокот таблоидот Vanity Fair повикувајќи се на „двајца републиканците кои се во близок контакт со Белата куќа“.

„Што се однесува до (првата дама на САД) Меланија (Трамп), тие велат дека таа е без симптоми. Загрижени се за претседателот поради неговата возраст“, рекол неименуваниот соговорник на таблоидот додавајќи дека американскиот претседател најверојатно ќе сака што поскоро да се појави во јавноста за да ги намали штетите од критиките за неговото минимизирање на опасноста од ризикот изминатите шест месеци.

„Тој ќе сака да излезе од карантинот многу порано отколку што мислат луѓето. Но ќе биде тешо да се сокрие ако е болен“, рекол соговорник на Vanity Fair кој признава дека станува збор за „поранешен функционер на Западното крило“ на Белата куќа.

Од резиденцијата на американскиот претседател веднаш не одговориле на барањето за коментар.

Советници во кампањата на Трамп, исто така, не знаеле како ќе се одвива кампањата по дијагнозата на Covid-19 на само 32 дена пред изборите. А изворите на порталот изразиле сомневање деека следитени две телевизиски соочувања ќе се одржат.

Во американските медиуми, по потврдата дека претседателот Доналд Трамп бил позитивен на тестот на коронавирусот, се поставува прашањето дали тој за две седмици ќе излезе во јавноста со потврда дека бил заразен со коронавирусот со повторно минимизирање на опасноста од инфекцијата, како и неговиот политички сојузник бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој исто така го негира ризикот од Covid-19 и беше заразен од вирусот.

Во петокот утрото беше потврдено дека Трамп и Меланија Трамп се заразени со коронаворусот, а нивниот личен лекар истакна дека двајцата се чувствуваат добро и дека претседателот ќе продолжи да ги извршува своите државнички должности.

Истовремено, американските медиуми јавуваат дека се влошиле симптомите кај Хоуп Хикс со зголемување на температурата, кашлање и губење на чувството за мирис. Советничката на Доналд Трамп, за која медиумите објавија дека веројатно е лицето кое го заразило американскиот претседател, бидејќи другите негови соработници биле негативни на тестовите, беше позната како една од ретките личности во Белата куќа која редовно на состаноците носела заштитна маска за лицета.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани