Почитувани посетители! Cineplexx повторно ги отвора кино салите!
  Објавено на
share

 Почитувани посетители!

 

 

Cineplexx повторно ги отвора кино салите!

 

Со последната одлука на Владата, Cineplexx почнува со работа на 24.9.2020 година.

 

Предложените протоколи за организирање на настани од страна на Комисијата за заразни болести а прифатени од страна на Владата, Cineplexx ги имплементираше во работењето, се со цел заштита на здравјето на посетителите и вработените.

 

За таа цел, вработените во Cineplexx целосно ќе ги почитуваат и спроведуваат мерките како би ја зголемиле безбедноста и пред се ќе придонесат да се заштити здравјето на посетителите.

Cineplexx дополнително го зголеми и нивото на дезинфекција на просториите и салите, поставени се диспензери за хигиена на рацете, заштитни бариери, како и задолжителна заштитна опрема за сите вработени.

Протоколот за работа на киното Cineplexx ќе биде јавно објавен на официјалната веб страна www.cineplexx.mk.

 

Cineplexx апелира до сите посетители да ги почитуваат мерките се со цел заштита на јавното здравје!

 

Ве очекуваме во кино!

 

Ваш Cineplexx




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани