СЗО - Ова не е е последна пандемија!
  Објавено на
share

Светот мора да биде подготвен затоа што ова не е последна пандемија, опоменува СЗО

 Пандемијата со коронавирусот нема да биде последна. 

Првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека светот треба да биде подобро подготвен за следната пандемија. Тој ги повика државите да инвестираат во јавното здравство.

„Историјата нè учи дека вирусите и пандемиите се факти. Но, кога ќе дојде следната пандемија, светот мора да биде подготвен – поподготвен отколку што беше овој пат“, рече тој.

Откако беа откриени првите случаи на коронавирус во Кина во декември минатата година, во светот се потврдени повеќе од 27,3 милиони случаи. 

Од вирусот на светско ниво починале скоро 900.000 луѓе.

Оздравеле 19.4 милиони луѓе, а сега најмногу заразени има во САД, Индија и Бразил.

Индија забележа повеќе од 90.000 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа и го надмина Бразил според вкупниот број на заразени, соопштија официјалните лица.

Оваа земја сега го има вториот најголем број на заразени со вирусот во светот – 4.204.613. Забележани се 71.642 смртни случаи, со што Индија е трета земја во светот по бројот на починати.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани