НЕМОГУЧЕ!!! - Од УБК исчезнаа тајни документи со прислушкувани телефонски броеви
  Објавено на
share

 

Од УБК исчезнаа тајни документи со прислушкувани телефонски броеви

Денеска во Кривичниот суд продолжи процесот за случајот “Таргет тврдина” во кој обвинети за нелегално прислушување се Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи и други лица од УБК.

Момир Малетиќ, сведок во постапката вработен во “Ериксон телекомуникации” изјави дека во период од 2008 до 2015 година ги одржувал “Ериксон” серверите кои биле во УБК.

– Во тоа време постоеја четири уреди за следење на телекомуникациите. Два беа на Телеком, а по еден на Вип и Оне. Јас и двајца мои колеги имавме пристап до серверите. При нашите интервенции секогаш имаше претставник од УБК. Последната моја интервенвија беше во средината на 2017 година, по што потоа престанав на интетвенирам.

Во октомври 2016 година, по барање на СЈО дојде експерт на “Ериксон” кој по проверка на системот констатира дека било направено архивирање на податоците на системот. Тоа значи дека сите податоци од базата се префрлаат во текстуален фајл. Странскиот експерт во серверите тој фајл не го најде, каде е не знам – рече сведокот Малетиќ.

На еден состанок во УБК, изјави сведокот, од инжињери во Управата му било поставено прашање како да се направи архивирање на податоците бидејќи тоа од нив го барале нивните шефови.

– Ме однесоа во собата кафе се серверите и на уредот на Оне направив архивирање на податоците за 2014 година. Ми беше речено дека тој фајл ќе остане на тоа место додека не биде најдено соодветно место за чување – рече сведокот.

Според обвинението за “Таргет-Тврдина” преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски следела 4.286 телефонски броеви без да бидат издадени судски наредби.
 
преземено од слободен печат



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани