СЕ УШТЕ СЕ ТЕСТИРА НО РУСИЈА ЌЕ ЈА ПУШТИ ВАКЦИНАТА ЗА КОВИД-19 НА ТЕСТИРАЊЕ ВО СТРАНСТВО
  Објавено на
share

 

РУСИЈА ЌЕ ЈА ПУШТИ ВАКЦИНАТА ЗА КОВИД-19 НА ТЕСТИРАЊЕ ВО СТРАНСТВО

Во земјата веќе има 40.000 волонтери подготвени уште следната недела да ја примат вакцината, а паралелно со тоа треба да почне и меѓународното тестирање на Спутник V.

 

Од меѓународните се очекува дека Саудиска Арабија, Емиратите и Филипините ќе учествуваат во тестирањето со свои волонтери, а луѓе ќе обезбедат и Бразил и Индија. Според првиот човек на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, тестирањето ќе ги следи меѓународните стандарди и дома и во странство.

Откако московскиот Гамалеја институт објави дека има вакцина за ковид-19, главно имаше чудење како воопшто толку брзо Русите стигнале до вакцина, и гнев што не биле транспарентни со податоците од истражувањето.

Дмитриев најави дека и голема публикација од Западот ќе го објави научниот труд околу вакцината.

Русија го има 4-от најголем број на заразени во светот, а само во август просекот беше над 5.000 нови случаи на ден.

Моментално во светот се развиваат над 160 потенцијални вакцини за ковид-19.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани