Во сабота извлекување на главните добитници во наградната игра „Веро ве изненадува и со пежо ве наградува“
  Објавено на
share

 Vero logo - novo

Во сабота извлекување на главните добитници во наградната игра „Веро ве изненадува и со пежо ве наградува“

 

Оваа сабота (1 август) во Веро центар во 12 часот ќе се одржи главното извлекување од големата наградна игра „Веро ве изненадува и со пежо ве наградува“, кога ќе ги дознаеме имињата на добитниците на двете главни награди - автомобил пежо 208 и скутер Хамачи Ил Бело.

 

Во извлекувањето за главните награди учествуваат сите пристигнати купони во наградната игра кои не беа извлечени за некоја од неделните награди. Главното извлекување на наградите ќе биде јавно и транспарентно, како сите досегашни извлекувања на неделните награди од почетокот на наградната игра на 15 јуни. Во рамките на наградната игра „Веро ве изненадува и со пежо ве наградува“ има 6 извлекувања на неделни награди, во кои Веро доделува 6 тротинети, 12 велосипеди, 30 рачни часовници, 30 ваучери од по 1.000 денари и исто толку ваучери од по 2.000 денари.        

 

комерцијален текст




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани