Луѓето пет пари не даваат за спречување на ширењето на корона висрусот. Заразени се повеќе, однесување како да ништо не било
  Објавено на
share

Луѓето пет пари не даваат за спречување на ширењето на корона вирусот. Заразени има се повеќе, а се однесуваме како ништо да не било.  

Кај нас аларамтни бројки на новозаболени, но не сме единствени не само на Балканов. Еве пример од Босна и Англија

БиХ бележи најголем број случаи на зараза, а плажите во Неум се преполни

 Во сабота во БиХ се забележани дури 172 случаи на зараза со коронавирусот. Тоа е втор ден по ред таа земја да бележи рекорден број новозаболени од почетокот на епидемијата во март годинава.
 
 
Како што известија од ентитетските здравствени установи, во последните 24 часа со тестирање за вирусот САРС-ков-2 се откриени 101 позитивно лице во Федерацијата БиХ и уште 71 во Република Српска.

Сепак, тоа не ги спречи бројните граѓани на БиХ да се соберат на плажите во Неум.

Како што известуваат босанските медиуми, бројот на туристите во Неум е многу голем, а се бележи сn4; поголем број резервации за сместувања.

Очигледно граѓаните на БиХ поитаа на море во еден од првите топли викенди.

Проблематично е, а што се гледа на снимката од Неум, дека луѓето не се придржуваат до мерките за социјална дистанца.

Десетици илјади Британци се на плажите и не се почитуваат препораките. Реагира и полицијата, но залудно! Високите температури предизвикаа навалница на плажите.

Британците ги преполнија плажите, а надлежните не знаат како да се справат со огромниот број народ. Температурите достигнаа 33 степени и англичаните нагрнаа на своите плажи кои се преполни. Доволно говорат фотографиите од Јужна Англија, плажите на Дорсет и Бурнмаут, кои кажуваат се што треба да се каже. 

 

Foto: Getty/Finnbarr Webster / Stringer

 

Foto: Getty/Finnbarr Webster / Stringer

Foto: Gettyimages/Finnbarr Webster / Stringer

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани